Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ официјално се оформи на 12-ти мај 2017-та година во големата кино сала на ЈЗУ ГОБ „8-ми Септември“ - Скопје.
Главната интенција на здружението е конечно во Република С. Македонија да се вреднуваат вистинските вредности на сестринството со една единствена цел, сплотување на сите здруженија во една комора, која ќе биде правен субјект и ќе ги застапува правата и должностите на сестринската професија, и ќе ги иплементира во здравствената политика.
„Ние медицинските сестри не сме ангели, но сме сигурно втората најубава работа по ангелите“ е слоганот на ЗМСТАС – ЗА НАС, со кој се поканува целата сестринската фела од нашата земја, вклучително и останатите добронамерници да пристапат кон здружението и да ја дадат својата поддршка.
Истата година на 18.07.2017-та година се одржа состанок на здруженијата на медицински сестри, техничари и акушерки. Присутните, меѓу кои беа и преставници од здруженијата „Славјанка Влахчева“ - приватен сектор; „Флоренс Најтингејл“ - Тетово; Сојуз на здравствени работници - Тетово; Здружение на КЗРМ; преставници на акушерките од Специјалната болница - Чаир; Здружение на медицински сестри и лаборанти - Гостивар и сите координатори - членови на здружението „За нас“... на состанокот донесоа одлука за
формирање на УНИЈА НА ЗМСТАС.
За претседател на Унијата беше предложена и едногласно изгласана м-р Горданка Бешлиовска, која воедно е и претседател на ЗМСТАС - ЗА НАС и главен иницијатор за формирањето на Унијата како појдовен чекор до крајната цел - формирање на комора.
ВАЖНИ НАСТАНИ
2024, ОКТОМВРИ - ТРЕТ КОНГРЕС СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО
2024, МАЈ - МЕЃУНАРОДНА НЕДЕЛА НА СЕСТРИНСТВОТО (СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА)
2024, АПРИЛ - ПРВ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВО НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ
2023, ОКТОМВРИ - ВТОР КОНГРЕС СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО
2023, МАЈ - МЕЃУНАРОДНА НЕДЕЛА НА СЕСТРИНСТВОТО (СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА)
...
(во подготовка)