Актуелно

ВТОР СИМПОЗИУМ НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ – ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА

Почитувани на 10 април 2025 година, во организација на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“, се одржа Вториот симпозиум посветен на современите достигнувања, предизвици и улогата на медицинските сестри во областа на офталмологијата.



Настанот се одржа во рамки на Медицинскиот факултет во Скопје, под мотото „Поглед кон иднината – Современи пристапи и предизвици во офталмологијата“.

Настанот беше свечено отворен со поздравни говори од претседателот на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска, а потоа и доц. д-р Наташа Шеќеринов, директор на ЈЗУ Универзитетска клиника за очни болести како и дипл. мед. сестра Емилија Наумовска, претседател на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“.

„Ми претставува особена чест да се обратам во духот на соработката, знаењето и посветеноста кон нашата благородна професија. Овој симпозиум е можност за инспирација, професионален развој и потврда за нашата заедничка мисија – унапредување на офталмолошката нега во нашата земја. Особено горди сме што нашето друштво е дел од Европската асоцијација на специјализирани медицински сестри – ESNO и Европската асоцијација за историја на медицински сестри – EAHN.“ - изјави Наумовска, претседател на ДОС при ЗМСТАС „ЗА НАС“.


Симпозиумот се одвиваше под модераторство на дипл. мед. сестра Емилија Наумовска (ЈЗУ УК за очни болести), мс Македонка Паунова (ЈЗУ Општа болница Струмица) и дипл. мед. сестра Валентина Додевска (ЈЗУ УК за очни болести).




УЧЕНИЦИ СУГС МАРИЈА КИРИ СКЛОДОВСКА


Др Стефан Пандилов ЈЗУ УК ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ, Предавач


ДМС Фимка Ѓорѓиева ЈЗУ ОБ СТРУМИЦА, предававач


Асс Др .Андријана Петрушевска ЈЗУ УК ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ, Предавач


Наташа Сибинович Главна сестра УК за Офталмологија УКЦ НИШ


Доц. др Наташа Шеќеринов Директор на ЈЗУ УК ЗА Очни болести


ДМС САЊА АНДОНОВИЌ ЈЗУ УК ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ, ПРЕДАВАЧ

Програма на теми и предавачи:
  1. Факоемулзификација и фемтосекунд ласерска хирургија
    – ДМС Фимка Ѓоргиева (ЈЗУ ОБ Струмица)

  2. Нови концепти за детекција и третман на глауком
    – асс. д-р Андријана Петрушевска (ЈЗУ УК за очни болести)

  3. Улогата на медицинската сестра во дијагностички процедури кај пациенти со глауком
    – ДМС Валентина Додевска (ЈЗУ УК за очни болести)
    – Ментор: Д-р Панчe Караѓозов, СМУГС

  4. Поддршка во фокус – улогата на сестрата во постојан развој на офталмологијата
    – Наташа Сибиновиќ, главна сестра, УКЦ Ниш

  5. Децата заслужуваат подобар поглед кон светот!
    – Ученици од СУГС „Марија Кири Склодовска“ – Скопје
    – Ментор: Николина Карафиљковска

  6. Улогата на Дрегер технологијата во унапредување на безбедноста на медицинскиот персонал
    – Предавач: Сашо Вењаноски, Винора Скопје

  7. Воведување на електрофизиолошка метода на УК за очни болести – новост во македонската офталмологија
    – Д-р Стефан Пандилов (ЈЗУ УК за очни болести)

  8. Примена на визуелни евоцирани потенцијали во офталмологијата
    – ДМС Сања Андоновиќ (ЈЗУ УК за очни болести)

  9. Современ начин на корекција на миопија
    – м-р Ермира Татеши, дипл. оптометрист

  10. Иднината е во автоматизација на болниците
    – Предавач: Мартин Николовски, Хипомед


     

Гости и учесници:

На симпозиумот присуствуваа и активно учествуваа:

  • Претставници од Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“

  • Ученици и професори од СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и СУГС „Марија Кири Склодовска“

  • Медицински сестри и доктори од Универзитетската клиника за очни болести, од УКЦ Ниш – Клиника за офталмологија, од други клинички, општи и приватни офталмолошки болници
     

Изразуваме голема благодарност до големиот хуманист и наш долгогодишен соработник, Каролина Петковска која и овој пат го водеше настанот.
Каролина Петковска, водител на настанот



Со оваа значајна платформа за размена на знаење, искуства и новитети, симпозиумот уште еднаш го потврди важниот придонес на медицинските сестри во развојот на офталмологијата и грижата за пациентите.



Пребарување

Категории

Актуелно

ВТОР СИМПОЗИУМ НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ – ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА
23.4.2025
Почитувани на 10 април 2025 година, во организација на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“, се одржа Вториот симпозиум посветен на современите достигнувања, предизвици и улогата на медицинските сестри во областа на офталмологијата.
Види детали

Тагови

Архива на вести