Почитувани, во Домот на АРМ во Скопје, на 5ти април 2025 година, со почеток во 13 часот, се одржа
Првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа на тема: ПАТОТ ЗА АВТОНОМИЈА НА СЕСТРИНСТВОТО – историски настан кој ја обедини стручната заедница од регионот и Европа.
Организатор на конференцијата беше Унијата на ЗМСТАС, предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“.
Конференцијата ја отвори свеченото интонирање на химната на Република Северна Македонија во изведба на
детскиот хор „Златно Славејче“.
Официјалниот дел го започна
м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата и Здружението, а со свое инспиративно обраќање се вклучи и
доц. д-р Адриано Фригановиќ, претседател на Европската асоцијација на здруженија на медицински сестри со специјалистички студии (ESNO).
На настанот присуствуваа делегати и гости од Македонија, Турција, Албанија, Република Српска, Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија и Грција. Тие активно учествуваа во дискусии за иднината на професијата, професионалниот развој и зајакнувањето на улогата на медицинските сестри во здравствениот систем.
Во знак на благодарност и признание, беа доделени
почесни плакети на здравствени установи, тимови и поединци од регионот кои покажаа исклучителна хуманост, професионализам и солидарност по трагедијата што се случи во Кочани на 16 март оваа година.
„Им оддаваме почит со најголема благодарност на нашите колешки и колеги коишто ја носат хуманоста во срцето, а професионализмот како униформа – во најреномираните болници низ напата земја, Европа и светот.“ – изјавија од извршниот одбор на здружението.
Плакети беа доделени на:
• Универзитетска многупрофилна болница за активно лекување и итна медицинска помош „Никола Иванов Пирогов“ – Софија, Република Бугарија
• Универзитетски клинички центар Ниш, Р.Србија
• Универзитетски клинички центар на Република Србија,
• Военомедицинска академија-Белград, Р.Србија
• Универзитетска клиника АКХ Виена, Р.Австрија
• Kлиничкиот Болнички Центар - Sestre milosrdnice
• Скопска православна епархија при Македонска Православна Црква-Охридска Архиепископија, Хуманитарна организација „Свети Спас“, Скопје
како и установите:
ЈЗУ ГРАДСКА ОПШТА БОЛНИЦА „8МИ СЕПТЕМВРИ“ – СКОПЈЕ
ОПШТА БОЛНИЦА – КОЧАНИ
ЈЗУ КЛИНИЧКА БОЛНИЦА - ШТИП
АЏИБАДЕМ СИСТИНА ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК
ЈЗУ УК ЗА ТОКСИКОЛОГИЈА
ЈЗУ УК ЗА ПЛАСТИЧНА И РЕКОНСТРУКТИВНА ХИРУРГИЈА
ЈЗУ УК ЗА ПУЛМОЛОГИЈА И АЛЕРГОЛОГИЈА
ЈЗУ УК ЗА ТОРАКАЛНА И ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА
ЈЗУ УК ЗА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА
ЈЗУ УК ЗА ОЧНИ БОЛЕСТИ
ЈЗУ УК СБ ПО ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ „СВ.НАУМ ОХРИДСКИ“
ЈЗУ УК ЗА ТОАРИЛУЦ (ЈЗУ УК ЗА ТРАУМАТОЛОГИЈА)
ЈЗУ УК ЗА ТОАРИЛУЦ (ЈЗУ УК ЗА АНЕСТЕЗИЈА, РЕАНИМАЦИЈА, ИНТЕНЗИВНО ЛЕКУВАЊЕ)
ЈЗУ УК ЗА ТОАРИЛУЦ (УРГЕНТЕН ЦЕНТАР)
Првата панел дискусија беше на тема:
„АВТОНОМИЈА НА СЕСТРИНСТВОТО СЕГА И ВО ИДНИНА“ во која учествуваа: • Доц. Д-р. Адриано Фригановиќ - Претседател на ESNO –Хрватска • Зорица Кардош – Потпретседател на IFNA, УКЦ Љубљана, Словенија • Панагијота Цикала -Дипломирана медицинска сестра, член на Европската асоцијација на медицински сестри за дијализа и трансплантација , член на Генералниот совет за нефролошко советување и консултации и член на ЕСНО • Мирјана Прибичевич - Главна медицинска сестра на Клинички Центар Србија. • Гордана Драгошев – Претседател на здружението „УИНАРС“-Србија, Магистер по здравствена нега, Главна медицинска сестра на Клиникaта за анестезија, реанимација и интензивно лекување - Универзитетски клинички центар - Ниш Србија. • Зарифа Ајна – Менаџер за Македонија на Медикана Health Group, Истанбул, Р.Турција • Лилјана Стијепович - магистер по здравствена нега, специјалист за интензивна нега и терапија, докторант на здравствени наука, Црна Гора • Раденка Чиракович – Претседател на Балканската Асоцијација на медицински сетри и техничари, претседател и на Здружението на медицински сестри и здравствени работници „Лозница“, Србија, • Мевљудин Бабаjич - Претседател на здружението на анестетичари и медицински сестри и техничари од интензивна нега и терапија, реанимација, ургентна медицина и трансфузија - Здружение ПУЛС –Босна и Херцеговина • Асс.Др Ѓул Дикеч – Главен раководител на одделот за сестринство на Универзитетот Фенербахче, Истанбул, Р.Турција и Модератор: М-р Гордана Бешлиовска – Претседател на Унијата на ЗМСТАС ЗА НАС
По првата дискусија настанот беше збогатен со прекрасен перформанс на неповторлиов
Универзитетски Ансамбл Македонија кои во живо настапија со неколку изворни македонски народни песни.
Потоа следеше и втората панел дискусија на тема:
„Патот за автономија на сестринството“ ( Денес и утре, искуства и предизвици).


Во оваа дискусија учествуваа: • Доц. Д-р. Адриано Фригановиќ - Претседател на ESNO –Хрватска • Зорица Кардош – Потпретседател на IFNA, УКЦ Љубљана, Словенија • Панагијота Цикала -Дипломирана медицинска сестра, член на Европската асоцијација на медицински сестри за дијализа и трансплантација , член на Генералниот совет за нефролошко советување и консултации и член на ЕСНО • Мирјана Прибичевич - Главна медицинска сестра на Клинички Центар Србија. • Гордана Драгошев – Претседател на здружението „УИНАРС“-Србија, Магистер по здравствена нега, Главна медицинска сестра на Клиникaта за анестезија, реанимација и интензивно лекување - Универзитетски клинички центар - Ниш Србија. • Зарифа Ајна – Менаџер за Македонија на Медикана Health Group, Истанбул, Р.Турција • Лилјана Стијепович - магистер по здравствена нега, специјалист за интензивна нега и терапија, докторант на здравствени наука, Црна Гора • Раденка Чиракович – Претседател на Балканската Асоцијација на медицински сетри и техничари, претседател и на Здружението на медицински сестри и здравствени работници „Лозница“, Србија, • Мевљудин Бабаjич - Претседател на здружението на анестетичари и медицински сестри и техничари од интензивна нега и терапија, реанимација, ургентна медицина и трансфузија - Здружение ПУЛС –Босна и Херцеговина • Асс.Др Ѓул Дикеч – Главен раководител на одделот за сестринство на Универзитетот Фенербахче, Истанбул, Р.Турција и Модератор: М-р Гордана Бешлиовска – Претседател на Унијата на ЗМСТАС ЗА НАС.
Првата Конференција на медицинските сестри и медицински техничари на Југоисточна Европа по завршувањето на панел дискусиите
донесе резолуција којашто ја потврдува нивната непроценлива улога во здравствениот систем.
Резолуцијата гласи:
„Медицинските сестри, техничари и акушерки да се развиваат во полн потенцијал независно и паралелно со сите други сродни струки“.
Овој важен момент ја потврдува силната верба во нивната иднина и значењето на континуираната поддршка за нивниот професионален раст и развој.
Водител на настанот беше големиот хуманист
Каролина Петковска, долгогодишен соработник на Унијата и здрушението.
Голема благодарност и до нашите пријатели и соработници кои помогнаа во реализација на овој настан:
• ЖАН МИТРЕВ Клиник
• Специјалната Болница за гинеколгија и акушерство ПЛОДНОСТ од Битола
• ДОМ на Арм
• Градоналчалникот д-р Борче Јовчески и Советот на Општина Прилеп
• ЛАДНА
• Висока Медицинска Школа - Битола
• детскиот хор Златно Славејче, уметнички раководител и директор Бобан Јосифовски
• проф.д-р Владимир Јаневски и Универзитетскиот Ансамбл Македонија