Почитувани членови, ве известуваме дека во текот на вчерашниот ден во канцелариите на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - ЗМСТАС „ЗА НАС“, се одржа годишното собрание пред сите координатори од целата земја.
Собранието беше можност за осврт на сработеното во 2024 година и зацртување на плановите за 2025 година.

Претседателката на здружението, м-р Гордана Бешлиовска, во своето обраќање истакна: „Изминатата година беше исклучително успешна за нашето здружение. Остваривме значајни чекори во унапредувањето на професионалниот статус на медицинските сестри, техничари и акушерки, како и во подигнувањето на јавната свест за важноста на нашата професија. Се соочивме со предизвици, но заеднички докажавме дека сплотеноста и упорноста носат резултати. Благодарност до сите членови кои со својата посветеност придонесоа кон остварувањето на нашите цели.“
Во рамките на извештајот за 2024 година
покрај плановите и финансиски извештаи
беа истакнати следните значајни активности:
Трибини “Отворено со сестринтството за сестринската дејност“
Учество и поддршка на активностите на граѓанските здруженија
Втор Симпозиум на Друштво на кардиолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Проширување на Унијата – МА Стерил Дез
Прв Симпозиум на Друштво на мед. сестри за примарна заштита при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Прв Симпозиум на Друштво на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Учество на меѓународни конгреси, конференции, симпозиуми и работилници
Свечена Академија: Прослава на Меѓународната недела на сестринството
Предлози за закон и комора во стратешките предизборни програми
Хуманитарни акции и базари “Од сестрите за сестрите“
Иницијатива за отворање на постојана поставка
за првата македонска медицинска сестра “Славјанка Влахчева“
Учество на работилници на Светската Здравствена Организаија
Прв Симпозиум на Друштво на мед. сестри за геријатриско-палијативна грижа
при ЗМСТАС „ЗА НАС“
ЗМСТАС „ЗА НАС“ стана дел од генералното собрание на ЕСНО
Трет меѓународен конгрес на мед.сестри во организација на ЗМСТАС „ЗА НАС“
Доделени специјални повелби од прв ред „Славјанка Влахчева“
Активности на хуманитарното друштво при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Постигнат договор за покачување на коефициентите
Решенија за проблемот со недостаток на медицински сестри
Втор Симпозиум на Друштво на мед. сестри - инструментарки при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Традиционален караван на хуманитарно друштво “Ивона Пешевска“
при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Зголемување на членството во ЗМСТАС со нови активни членови

Во плановите за 2025 година, здружението ќе продолжи со засилени активности во насока на унапредување на здравствената професија, подобрување на условите за работа и едукација, како и проширување на меѓународната соработка, најавувајќи ја и Првата конференција на сестринството од Југоисточна Европа која ќе се одржи на 22 март во Скопје.

Собранието заврши со заклучок дека здружението ќе продолжи да се залага за професионалниот развој на своите членови и унапредување на здравствениот систем во нашата земја.