ПРВ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА ИТНАТА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ: ЕДУКАЦИЈА, ИНТЕРАКЦИЈА И ПРАКТИЧНА ОБУКА

Почитувани, минатата недела, на 27 февруари, на Државниот Тетовски Универзитет се одржа Првиот симпозиум на Друштвото на Итната Медицинска Помош, организиран од страна на „ЗМСТАС ЗА НАС“.



Настанот се одржа во одлична атмосфера и привлече огромна посетеност, што го потврдува интересот за напредокот и важноста на оваа областа во здравството.


Настанот го отвори престедателот на ЗМСТАС „ЗА НАС“ м-р Гордана Бешлиовска која изјави:
 



„Делување во областа на Итната Медицинска Помош е од клучна важност за спасување животи. Преку оваа работилница и симпозиум, имавме можност да покажеме како најновите техники и знаења се интегрираат во секојдневната пракса. Ги охрабруваме сите вклучени да продолжат со учењето и споделувањето на искуствата, бидејќи само заедно можеме да изградиме подобра и поквалитетна здравствена заштита.

И многу важно што во текот на панел дискусијата на тема
„ПРОТОКОЛИ И НАСОКИ ЗА ПРИФАЌАЊЕ ПАЦИЕНТИ ВО БОЛНИЦИТЕ И КЛИНИКИТЕ, ТРАНСПОРТИРАНИ ОД ЕКИПИТЕ НА ИТНА МЕДИЦИНСКА ПОМОШ“, имавме можност да видиме одлична интеракција со присутните, кои со своите прашања и сугестии го збогатија настанот, создавајќи плодна почва за конструктивни разговори и нови идеи.“




Патувањето кон идни подобрувања продолжи со едукативна работилница на тема 
„РЕАНИМАЦИЈА - ОЖИВУВАЊЕ НА ПАЦИЕНТ“, каде што беше демонстрирана реанимација во Итната Медицинска Помош – практично искуство кое остави длабок впечаток на сите присутни.



Голема благодарност искажуваме и до д-р Анита Димовска, Раководител на ИМП ЗД Скопје, д-р Јоанис Константинополус, директор на ЗД Тетово, Проф. д-р Нико Беќаровски, Специјалист интернист, УК за токсикологија, д-р Злате Мехмедовиќ, национален координатор за примарна здравствена заштита, човечки ресурси и ургентни медицински тимови за СЗО, д-р Гоце Стојменовски, Раководител на ИМП ЗД Делчево, ДМТ Марјан Серафимоски, главен медицински техничар ЗД Тетово, Д-р Бесник МустафаиДМС Мимоза КарпузиДМТ Стефани СавескаДМТ Беким Јонузи, како и на сите учесници, доктори, медицински сестри, возачи и други стручњаци кои беа дел од овој значаен едукативен настан, кој го потврди значењето на соработката и континуираната едукација во оваа важна област на здравството.













Настанот го водеше големиот хуманитарец Каролина Петковска, која со својата енергија го направи уште повпечатлив и полн со емоции.






 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ ЗА 2024 ГОДИНА НА ЗМСТАС „ЗА НАС“
06.3.2025
Почитувани членови, ве известуваме дека во текот на влерашниот ден во канцелариите на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - ЗМСТАС „ЗА НАС“, се одржа годишното собрание пред сите координатори од целата земја.
Види детали

Тагови

Архива на вести