ЗМСТАС „ЗА НАС“ ГО ПРЕТСТАВИ СВОЈОТ ПАТ ЗА ИДНИНАТА НА СОСТАНОКОТ НА ЕВРОПСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА ИСТОРИЈА НА СЕСТРИНСТВОТО ВО СЛОВЕНИЈА

Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ учествуваше на важниот состанок на ЕАHN (European Association for the History of Nursing) кој се одржа на 21 февруари 2025 година во Словенија.

На овој престижен настан присуствуваа претседателите на асоцијациите од земјите како Италија, Англија, Србија, Германија, Хрватска и Словенија, додека претставници од Данска, Норвешка, Словачка, Романија и Унгарија учествуваа онлајн.

 
Состанокот започна со поздравни говори од: претседателката на ЕАHN, претседателката на Националната асоцијација на медицински сестри и акушерки на Словенија, г-ѓа Моника Ажман, како и претседателката на Работната група за историја на сестринството и акушерството во Словенија, г-ѓа Ирена Кершич.
 
Здружението „ЗА НАС“ беше претставувано од м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“, како и од ДМС Ирена Нечовска, претседател на Здружението за историја на медицинските сестри и акушерки.



За време на состанокот, беа презентирани плановите за идните активности и проекти, кои ќе се реализираат во рамките на здружението и во соработка со Европската асоцијација.
 
Претседателката на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска, во својата изјава истакна:

„Овој состанок беше важен за зајакнување на нашата позиција во европскиот контекст и за размена на искуства со наши колеги од другите земји. Презентирањето на нашите идни планови пред влијателни претставници на асоцијациите е потврда за нашата посветеност на развојот на сестринската професија, како и на историското вреднување на нејзиниот значај. Овој настан ќе ни помогне да продлжиме со своите активности на меѓународен план и да придонесеме за напредокот на здравствените услуги во регионот.“

 
Хуго Шалквијк, Претседател на Европската асоцијација за историја на сестринството (Холандија)
Хуго Шалквијк, Претседател на Европската асоцијација за историја на сестринството
(Холандија)

Ова беше генерално собрание на кое беа претставени тековните активности и планови на различни асоцијации, а разменијата на искуства и соработка меѓу земјите членки беа клучни за понатамошен развој на професијата.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ГОДИШНОТО СОБРАНИЕ ЗА 2024 ГОДИНА НА ЗМСТАС „ЗА НАС“
06.3.2025
Почитувани членови, ве известуваме дека во текот на влерашниот ден во канцелариите на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри - ЗМСТАС „ЗА НАС“, се одржа годишното собрание пред сите координатори од целата земја.
Види детали

Тагови

Архива на вести