Како активни членови на Европската асоцијација на специјализирани медицински сестри (ЕСНО), ЗМСТАС „ЗА НАС“ со задоволство го најавува Конгресот на ЕСНО, кој ќе се одржи во Загреб во 2025 година на тема „СПЕЦИЈАЛИЗИРАНАТА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА КАКО ЛИДЕР НА ПАТЕКАТА КОН ЗЕЛЕНА ИДНИНА, ЗДРАВО РАБОТНО МЕСТО“.
Конгресот ќе се одржи под покровителство на Претседателот на Република Хрватска и Градоначалникот на Загреб.
Конгресот започнува на 29 мај со Хакатон (настан што ќе собира тимови од различни учесници кои ќе работат заедно за да решаваат специфични предизвици или задачи поврзани со темата на конгресот), кој ќе биде отворен за ограничен број учесници.
Следуваат два дена (30 и 31 мај) исполнети со разнолики сесии и предавања од многу меѓународни говорници, меѓу кои и д-р Андраш Куља, член на Европскиот парламент.
Во текот на конгресот ќе бидат доделени нови титули на почесни и редовни членови на ЕСНО. Покрај тоа, ќе се организира Specialist Nurse Run на 1 јуни во соработка со Атлетската асоцијација на Загреб, како и работилници за Шумска терапија во паркот Максимир.
Изразуваме голема благодарност за нашата меѓународна видливост и поддршка на Проф. Доц. Адриано Фригановиќ, Претседател на Европската организација на сестри специјалисти, Хрватски национален сојуз на сестри, и Хрватско друштво на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија.
ЗМСТАС „ЗА НАС“ со нетрпение очекува да биде дел од овој значаен настан и активно да придонесе за развојот на специјализираната медицинска нега во Европа.