СОСТАНОКОТ ПОСВЕТЕН НА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВО ЕЛЕКТРОНСКОТО ЗДРАВСТВО

Почитувани членови, ве информираме дека на 14ти февруари 2025 година, во Хотел Парк, Скопје, се одржа консултативен состанок насловен „Заштитата на личните податоци во електронските здравствени системи: Европски искуства и примена во Северна Македонија“.

На настанот присуствуваа значајни претставници од различни институции, меѓу кои и Претседателот на Лекарската комора, проф. д-р Калина Гривчева, д-р Оливер Манасиев, претставник од Стоматолошката комора, проф. д-р Милена Стефановиќ, од Клиниката за инфективни болести како и преставници од Министерството за здравство и Државната управа за електронско здравство.

Унијата на Здруженија предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ беше горд учесник на оваа важна иницијатива.

Како долгогодишни соработници на Здружението „Заедно посилни“, кои ги поддржуваат напорите за унапредување на здравствените права и добробитта на пациентите, медицинските сестри се редовни учесници на сите значајни настани кои имаат за цел доброто на пациентите и заштитата на нивните права.


Целта на овој состанок беше да се разгледа актуелната регулатива на Северна Македонија во однос на медицинските податоци, да се спореди со практиките во земјите членки на Европската Унија и да се дефинираат конкретни препораки за унапредување на нашето законодавство, во насока на хармонизација со европските стандарди за заштита на личните податоци, особено во контекст на посебните категории на лични податоци.

Наш претставник на состанокот беше ДМС Емилија Наумовска, член на извршниот одбор на ЗМСТАС „ЗА НАС“ која со своето присуство придонесе во размената на искуства и идеи за заштитата на личните податоци во здравствените системи, со особено внимание на правата и потребите на пациентите.

Со ова учество, Унијата на Здруженија продолжува со својата посветеност на заштитата на личните податоци и подобрување на здравствените стандарди во нашата земја.

Пребарување

Категории

Актуелно

ВТОР СИМПОЗИУМ НА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ – ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА
23.4.2025
Почитувани на 10 април 2025 година, во организација на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“, се одржа Вториот симпозиум посветен на современите достигнувања, предизвици и улогата на медицинските сестри во областа на офталмологијата.
Види детали

Тагови

Архива на вести