ПРОСЛАВА НА 10-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА КОМОРАТА НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ НА КОСОВО: ЗНАЧАЈНА СОРАБОТКА И ИДНИ АКТИВНОСТИ

Почитувани, по повод 10-годишниот јубилеј на Комората на здравствени работници на Косово, на покана од претседателката на Комората, г-ѓа Неџмије Гори, нашата Унија, предводена од Здружението „За нас“, активно учествуваше на свечената прослава и гала вечер која се одржа минатата недела во Приштина.

Делегацијата која ја предводеше м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС, вклучуваше членови од ЗМСТАС „ЗА НАС“ и наши драги соработници од фелата како Наџије Фетаи, Стојанка Манасиевска, Алиса Абдулаи, Велдрина Фетаи и Илија Милошовски.



„Во знак на плодната соработка, имав чест и задоволство да се обратам и да го честитам јубилејот на Комората, испраќајќи сериозен повик до нашите здравствени структури за понатамошно усогласување на регулативите и унапредување на нашето тело - Комората.

Во текот на настанот имавме и можност да се сретнеме со претседатели на европски асоцијации и комори, со кои разменивме искуства и ги информиравме за нашите активности планирани за оваа година.“ - истакна сестра Бешлиовска, претседател на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“.



По повод овој значаен настан, Комората ни додели статуетки како признание за нашата посветеност и заложби.

Се надеваме дека овој јубилеј ќе продолжи да ја зацврстува соработката меѓу сите здравствени професионалци и институции во регионот, со цел заеднички да ги унапредуваме условите за работа и здравјето на нашите граѓани.

Претседателката на Комората на Косово - Неџмије Гори
Флора Фејзулаху Ејупи, УКЦ за Хематологија

Претседателката на Комората на Албанија - Блерина Дука
Претседателката на Комората на Албанија - Блерина Дука











Пребарување

Категории

Актуелно

ДОНЕСЕНА РЕЗОЛУЦИЈА НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА
10.4.2025
Почитувани, во Домот на АРМ во Скопје, на 5ти април 2025 година, со почеток во 13 часот, се одржа Првата конференција на медицински сестри од Југоисточна Европа на тема: ПАТОТ ЗА АВТОНОМИЈА НА СЕСТРИНСТВОТО – историски настан кој ја обедини стручната заедница од регионот и Европа.
Види детали

Тагови

Архива на вести