ОБЕДИНУВАЊЕ НА ЗНАЕЊА И ХУМАНОСТ: ПАТОТ КОН НОВИ УСПЕСИ ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВО 2025

Драги соработници, пријатели и добронамерници,
 
Среќна и успешна нова 2025 година!
 
Се навраќаме на една исполнета и плодна година,
полна со бројни активности и едукации
кои ја збогатија нашата професија и нашата заедница.
 
Во 2024 година, заедно успешно организиравме низа едукативни настани,
меѓу кои и престижните симпозиуми и конгреси
кои придонесоа за стручно усовршување и размена на знаења и искуства.

Нашата традиционална Недела на сестринството во мај,
беше дополнително збогатена со бројни трибини, работилници, предавања и активности
кои ги обединија професионалците во здравствениот сектор,
подигнувајќи свеста за значењето на нашата професија.
 
Не помалку важни се и нашите хуманитарни и добротворни базари,
кои им дадоа можност на многумина да го покажат своето срце
и да помогнат во време на потреба.
Ние продолжуваме со посветеност и страст да ја шириме меѓусебната солидарност
и хуманост во нашето општество.
 
Нашето учество на меѓународни конгреси, симпозиуми и работилници
беше од исклучителна важност за нашето здружение.
Тоа не само што ни овозможи размена на знаења и искуства со колегите од странство, туку и ни помогна да го зајакнеме нашето присуство на европско и глобално ниво.
 
Со голема радост и благодарност, ги гледаме сите овие постигнувања
како дел од нашата колективна посветеност на подобрување на здравствениот систем
и благосостојбата на нашите заедници.

Во оваа новогодишна честитка,
ви се заблагодаруваме за вашата поддршка и соработка.
 
За време на ова ново патување кое од денес ќе го започнеме,
нека небото не благослови, а ѕвездите да ни го осветлат патот.
Нека ни се реализираат сите наши соништа и соништата на нашите сакани.

Нека 2025 година донесе нови можности,
уште повеќе успех и заеднички постигнувања.

Ви посакуваме многу здравје, радост
и исполнување на сите лични и професионални цели.
 

Со почит и благодарност,
Претседател на Унијата на здруженија
предводена од ЗМСТАС – ЗА НАС

м-р Гордана Бешлиовска
 


Членови на Унијата на ЗМСТАС
ЗМСТА – Славјанка Влахчева (Ирена Нечовска)
ЗМСТЛА - Тетово (Наџије Фетаи)
ЗМСТАЛА - Гостивар (Џеват Салија)
ЗМСТА – Гостивар (Ивица Билбиловски)
СМТЛ - Тетово (Тони Јакимовски)
 

Илија Милошевски
Стојанка Манасиевска
Милка Карајановска
Данка Димитровска Сердарска
Мирјана Трајановска
Емилија Наумовска
Оливера Калошева
Роза Рулеска Пиличева
Хамдије Фетау
Даниела Стојановска
Снеже Бегоска
Елизабета Настеска
Христина Гулеска
Моника
Тони 
Даниел Стојмановски
 

 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСЛАВА НА 10-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА КОМОРАТА НА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ НА КОСОВО: ЗНАЧАЈНА СОРАБОТКА И ИДНИ АКТИВНОСТИ
27.1.2025
Делегацијата која ја предводеше м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС, вклучуваше членови од ЗМСТАС „ЗА НАС“ и наши драги соработници од фелата како Наџије Фетаи, Стојанка Манасиевска, Алиса Абдулаи, Велдрина Фетаи и Илија Милошовски.
Види детали

Тагови

Архива на вести