​ВО ИСЧЕКУВАЊЕ НА ПРИЕМ ВО ФОНДОТ ЗА ЗДРАВСТВО: УНИЈАТА НУДИ РЕШЕНИЈА ЗА ПРОБЛЕМОТ СО НЕДОСТАТОКОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

Почитувани, Ве известуваме дека Унијата на медицински сестри по реакцијата на одлуката на Фондот – матичните лекари да може да работат и без медицинска сестра во населени места до 2.000 жители во период од две години, стапи во контакт со директор на фондот за здравство д-р Сашо Клековски, кој изрази желба за соработка, и согласно неговите тековни обврски очекуваме прием каде ќе предложиме начини на кои може да се реши проблемот со недостатокот на медицински сестри.
 
Сметаме дека ова е правецот на кој треба да се носат стратешки плановите за унапредување на здравјето на пациенти и медицинските сестри секогаш треба да бидат вклучени при донесувањето на одлуките кои се во нивниот домен на работа.

„Ваквите иницијации од здружението на лекарите да продолжат со работа без услугите на медицинските сестри го доживуваме како комплетно непочитување на сестринската професија и со обид за недостоинствена деградација. Во било кој дел од здравствениот систем незамислива е работата без медицинските сестри кои имаат четири фундаментални нивоа во нивната професија: да го унапредуваат здравјето, да ги спречуваат болестите, да ги превенираат болестите и да ги рехабилитираат во последните денови од животот пациентите. Нивоа кои ја задолжуваат професијата по образование, стручност, професионалност, закон и одговорност, а се само за залагање на унапредување на квалитетот на услугите  кои ги добива пациентот.“ – изјави сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
02.12.2024
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести