Почитувани, ве известуваме за активностите кои Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ги имаше изминатиов период.
Имено, нашето здружение зема учество како партнер на проектот „Стоп за лошите навики“ во организација на Здружението на Лекари Специјализанти – ЗЛС.
Фокусот на овој настан е подигнувањето на свесноста кај населението за здравиот животен стил и за големото значење на малите промени во секојдневните навики кои секој би можел да ги направи.
Во рамките на проектот се одржаа повеќе настани и активности со кои се обидовме да допреме до разни целни популации.
Говорници на панел дискусијата беа: Асс. Д-р. Цветанка Волкановска Илијевска, специјалист по ендокринологија, ЈЗУ УК за Ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот, Скопје; Асс. Д-р Јосиф Јанчулев – специјалист по урологија, ЈЗУ УК за Урологија, Скопје; Д-р Александра Георгиева, специјалист по кардиологија и претседателка на Здружението на Лекари Специјализанти и Катерина Попева, фитнес тренер.