Почитувани, по повод Денот на ослободување на градот Куманово, на 10ти ноември (недела), Хуманитарното друштво при Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“, а под покровителство на градот Куманово, Ве поканува да присуствувате на хуманитарните активностите кои нашите медицински сестри од Општата болница и Здравствениот Дом во Куманово ги организираа за вас.
Имено, во недела, на 10ти ноември, со почеток од 11 часот на плоштадот во Куманово ќе бидат поставени тенди, каде нашите колешки и колеги бесплатно ќе понудат мерење на крвен притисок и мерење на гликемиски индекс односно шеќер во крвта.
Веќе од 14 часот, во просториите на кружната сала на Комитетот нашиот долгогодишен пријател и соработник, проф. д-р Нико Беќароски ќе одржи предавање од областа на превенирање на здравјето преку здравственото воспитување за правилно користење на лекарствата и суплементите.