И оваа година по втор пат беа доделени специјалните повелби од прв ред „Славјанка Влахчева“, за посебен придонес во развојот на сестринството во нашата земја.
Како покровители на оваа повелба и одликување се појавува семејството на првата медицинска сестра во Македонија, Славјанка Влахчева, општина Штип и почесниот конзул на Р. Србија во Р. С. Македонија, Михајло Филев кој е всушност и креатор на брошот кој е специјално дизајниран за оваа пригода.
Оваа година добитнички на повелбата беа
м-р Наџие Фетаи, претседател на ЗМСТАЛ „Флоренс Најтингејл“ од Тетово и сестра
Лилјана Шаревска од ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје.