ЗАВРШИ ТРЕТИОТ МЕЃУНАРОДЕН КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ИМПОЗАНТНА ПОСЕТЕНОСТ НА УЧЕСНИЦИ И ПРЕДАВАЧИ

Успешно заврши Третиот конгрес на медицинските сестри со меѓународно учество, кој се одржа изминатиов викенд во периодот од 4ти до 6ти октомври, на тема „Автономија на сестринството, сега и во иднина“.


Импозантната посетеност на учесници и предавачи од регионот и пошироко ја потврдија единственоста на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ кои како организатори на овој голем настан придонесуваат за унапредување на сестринската професија во нашата земја.



И оваа година Конгресот на медицинските сестри е поддржан и реализиран под покровителство на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри (БАМС).



Свеченото отварање традиционално започна со интонирање на македонската химна и поздравен говор од претседателот на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“, м-р Гордана Бешлиовска.



Поради континуирани ангажмани, најавеното присуство на Претседателот на Р. С. Македонија, Проф. Д-р Гордана Сиљановска Давкова, на Свеченото отворање на Конгресот не се случи, но искажуваме голема благодарност за испратеното писмо, во знак на поддршка кон нашата професија.


Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ предвиденото специјално почесно одликување со реплика на медалот од „Славјанка Влахчева“ и почесното зачленување во нашето здружение ќе го реализира во текот на оваа недела.




Искажуваме голема благодарност и за присуството на членовите на почесниот одбор: заменик министерот за здравство, м-р Јовица Андовски, претставник од кабинетот на министерот за здравство Сабрие Азири, шеф на протокол, проф. д-р Николче Јанкуловски, заменик министер за финансии, проф. д-р Оливер Бакрески, декан на Филозофскиот факултет, проф. д-р Нико Беќаровски, УК за токикологија, проф. д-р Владимир Трајковски, Филозофски факултет, д-р Емил Стоицовски, медицински директор на Жан Митрев Клиник, д-р Борче Јовчевски, градоначалник на општина Штип, Михајло Филев, почесен конзул на Р. Србија во Р. С. македонија, доц. д-р Ведрана Вејзовиќ од Универзитетот во Малме, Шведска, прим. д-р Таше Трпчевски, директор на ПЗУ “Плодност“, д-р Злате Мехмедовиќ, национален координатор за примарна здравствена заштита, човечки ресурси и ургентни медицински тимови на СЗО, доц. д-р Адриано Фригановиќ, претседател на Европската асоцијација ЕСНО, м-р Горан Мошиќ, претседател на БАМС, Раденка Ќираковиќ, претседател на здружение на здравствени рабоници - Лозница, Гордана Драгошев, претседател на здружението „УИНАРС“ од Србија, Марија Галич, претседател на УМСТ КЦ „Сестринство“ од Србија, проф. д-р Тања Јовановска, ВМШ Битола, Добрила Пејовиќ, прва главна медицинска сестра на КЦ Србија, како и на претставниците на граѓанските здруженија на пациенти РАСТ, ХЕМА и НЕФРОН и координаторите во Унијата: Ирена Нечовска, претседател на ЗМСТА „Славјанка Влахчева“, Наџије Фетаи, претседател на ЗМСТЛА „Флоренс Најтингејл“ - Тетово, Џеват Салија, претседател на ЗМСТАЛА - Гостивар, Ивица Билбиловски, претседател на ЗМСТА – Гостивар и Тони Јакимовски, претседател на СМТЛ - Тетово.



Конгресот традиционално го водеше секогаш извонредната и голема хуманистка, м-р Каролина Петковска.



 
Проследете ја фоторепортажата од свеченото отворање:


Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести