ВМЦ СИМПОЗИУМ: „Современ пристап во организацијата на работата на медицинските сестри и здравствените техничари“

Почитувани во текот на влерашниот ден, во Военомедицинскиот центар во Белград се одржа симпозиумот „Современ пристап во организацијата на работата на медицинските сестри и здравствените техничари“ како дел од континуираната медицинска едукација, кој свечено го отвори началникот на ВМА, полковник проф. д-р Мирослав Вукосављевиќ.

Во еднодневната обука беше споделено знаење и искуство во организацијата на сестринската служба, како и идентификување на иновативни решенија кои можат да придонесат за подобрување на здравствената заштита во регионот. 



Претседателката на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, сестра Гордана Бешлиовска беше нашиот претставник, која го сподели своето лично искуство и како поранешна главна медицинска сестра на една од најголемите градски болници во нашата земја, која своевремено беше и военомедицински центар.

На овој симпозиум присуствуваа Дијана Оташевиќ, претседател на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Србија, Весна Јоциќ, директор на Комората на медицински сестри и здравствени работници, како и Наташа Богуновиќ, главна медицинска сестра од болницата Драгиша Мишовиќ Белград.



Пред полниот амфитеатар на ВМА, кој беше исполнет до крај со домашни и регионални предавачи, беше ставен акцент на важноста од континуирана едукација и заедничко разбирање за конкретните проблеми на сите вработени здравствени работници.

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести