РЕАКЦИЈА НА ТВРДЕЊАТА ЗА НЕСТРУЧНО ОДНЕСУВАЊЕ НА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА СО НОВОРОДЕНЧЕ НА ДЕТСКАТА КЛИНИКА

Почитувани, Унијата на здруженија предводена од "ЗМСТАС - ЗА НАС" во однос на актуелните случувања на детската клиника, а во врска со тврдењата за нестручно однесување на медицинска сестра со новороденче, ги повикува релевантните институции да приложат докази за разрешување на случајот.
„Во нашата земја во моментов работат околу 9200 медицински сестри. Оваа хумана фела одговорно и пожртвувано работи во јавниот здравствен систем и не заслужува да се фрла дамка на сестринската професија поради недокажани инциденти.
Затоа од име на Унијата на медицински сестри упатувам реакција и ја повикувам стручната комисија јавно да се произнесе со факти и одговорноста да ја насочат кон конкретниот виновник.“ - изјави сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унија на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“.

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести