ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА ДОНИРАЊЕ НА СРЕДСТВАТА СОБРАНИ ОД ХУМАНИТАРНИТЕ АКЦИИ „СЕСТРИТЕ ЗА СЕСТРИТЕ“

Почитувани членови, Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сетсри „ЗА НАС“ денес донесе одлука собраните средства од хуманитарните акции „Сестрите за сестрите“ да бидат донирани за лекување на медицинската сестра Сибил Северџан Омерова која се лекува од малигна дијагноза и Војдан Бојан Спасовски на возраст од 3 години кој се лекува од целебрална парализа.



Донациите се обезбедени од донациските базари во текот на Неделата на сестринството и од настанот посветен на светскиот Ден на детето (1 јуни).

Потпишувањето се одржа во присуство на членови од Здружението, Унијата и претставници од семејствата приматели на донациите. Во текот на утрешниот ден собраните средства ќе бидат рамномерно донирани, кои во бруто изнесуваат 63 855 денари.



Искажуваме голема благодарност до сите хумани луѓе кои учествуваа во акциите и кои ја потпомогнаа нашата мисија.
 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести