РАБОТНА ПОСЕТА ВО СЛОВЕНИЈА: Прогрес на едукација на медицински сестри и акушерки и воспоставување на систем за признавање на стручни квалификации во Република Северна Македонија (2024-2025)

Почитувани ве известуваме дека деновиве Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ е во работна посета во Љубљана, како дел од проектот „Прогрес на едукација на медицински сестри и акушерки и воспоставување на систем за признавање на стручни квалификации во Република Северна Македонија (2024-2025)“. 



Настанот е во организација на Министерството за здравство на нашата земја, Канцеларијата на СЗО во нашата земја, Министерството за здравство на Словенија, Комората на медицински сестри на Словенија и ЦЕП Словенија.





Претставникот на нашата делегација, м-р Гордана Бешлиовска, како претседател на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“ има можност да ги презентира сите наши стручни, едукативни и хуманитарни достигнувања, а воедно и паралелно просиндикално да ги испорача нашите цели и стратегии во однос на регулирањето на сестринската професија.
 

„Би сакала да искажам голема благодарност до Светската здравствена организација за стартувањето и вклучувањето во еден ваков проект кој што е од исклучителна важност за нашата професија. За заклучоците од оваа работна посета нашето членство ќе биде дополнително известено на работна средба каде ќе разговараме за целите и за нивното вклучување во работните групи, кои се потребни за прогресот на сестринството“ - изјави сестра Бешлиовска.















Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести