СЕ ОДРЖА 17-ОТ КОНГРЕС НА ХРВАТСКОТО ЗДРУЖЕНИЕ HDMSARIST

Почитувани, изминатата недела, во периодот од 16 – 19 мај, се одржа 17от Меѓународен конгрес на хрватското здружение на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија (HDMSARIT) на тема „Партнерство за сигурност на пациентите“.


 
Годинава за прв пат делегација и од нашето здружение предводена од претседателот, сестра Гордана Бешлиовска присуствуваше на овој голем едукативен настан.



Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ се заблагодарува на поканата и срдечното гостопримство на претседателот на хрватското здружение, Проф. Доц. Адриано Фригановиќ, со кој веќе имаме и долгогодишна соработка и поддршка во европските асоцијации.



Импозантниот настан се одржа во Водице, Хрватска, каде на официјалното отворање свои излагања покрај претседателот имаа и Џеки Роулс, претседател на 
Меѓународната асоцијација на сестри - анестетичари (IFNA), Ведрана Вејзовиќ од Универзитетот за здравство во Малмо (Шведска), Горан Мошиќ, претседателот на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри, Маја Грба Бујевиќ од Хрватскиот завод за итна помош и останати еминентни имиња од Хрватска и регионот.



При официјалното отворање на конгресот беа истакнати и доделени признанија за најдобрите ученици, а предавањата од првиот ден завршија со панел дискусија на тема „Зелен начин на размислување во интензивната нега - Дали сме подготвени?“.



Благодарение на поддршката од медиумите во нашата земја имавме и директно вклучување во живо, во утринската програма, на националниот сервис МРТВ, од 17-от меѓународен конгрес во Водици.



Во текот на тридневниот едукативен настан беа изведени над 100 предавања, работилници и дебати.

Последниот ден беше организиран и состанок предводен од претседателот на IFNA, Џеки Роулс каде беше отворена темата за сестрите - анестетичари од Балканскиот регион.



На состанокот присуствуваа преставници од регионалните здруженија меѓу кои и нашето здружение, каде беше истакнато дека во склоп на ЗМСТАС „ЗА НАС“ постои Друштво на медицински сестри - анестетичари.

Сестра Бешлиовска со свое излагање и презентација посветена на историјатот на нашето здружение ги образложи тековните случувања, а воедно беа пренесени и проблематиките со кои се соочуваме во овој сегмент, особено делот наменет за едукација на сестрите и нивното валолизирање.

Го истакнуваме овој состанок како многу важен и поради преговарачките моменти со цел да станеме дел и од Меѓународната асоцијација на сестри - анестетичари (IFNA).

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести