СВЕЧЕНА АКАДЕМИЈА 2024: ПРИЗНАНИЈА ЗА НАЈХУМАНИТЕ

Почитувани, изминатата недела традиционално беше посветена на сестринската професија.



Започнувајќи од 5ми мај, Денот на акушерките па се до 12ти мај, Денот на медицинската сестра Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ организираше низа случувања кои кулуминираа со седмата свечена академија, која и овој пат беше организирана во Домот на АРМ, Скопје.



Денот започна со донацискиот базар кој беше организиран под мотото „Сестрите за сестрите“ при што беа собрани средства за помош на медицинските сестри кои се лекуваат од малигни заболувања.







Во преполната сала настанот го отворија дечињата од фестивалот „Златно славејче“, исполнувајќи ја во живо химната на нашата земја.





Официјалното отворање и припадна на м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“, која како и секогаш повика на единство и сплотување заблагодарувајќи се на присутните за вербата и придонесот кон унапредување на сестринската професија во нашата земја.







Големите пријатели и соработници на Унијата и Здружението „ЗА НАС“: Д-р Злате Мехмедовиќ, Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита, Ивица Апостолов, Претседател на здружение на медицински лаборанти - Клинички Центар – Скопје,  Душко Георгиев, претседател на здружение на пациенти – Нефрон и Прим. Д-р Таше Трпчевски од Специјална Болница по гинекологија и акушерство и ИВФ центар „Плодност“ – Битола со свои поздравни говори се обратија кон присутните посакувајќи поскоро решавање на проблематиките и формирањето на комора на медицинските сестри.









Преку видео пораки се обратија и координаторите од Унијата на здруженија: Ирена Нечовска претседател на ЗМСТА – Славјанка Влахчева, Наџије Фетаи, претседател на ЗМСТЛА – Тетово, Џеват Салија, претседател на ЗМСТАЛА – Гостивар и Ивица Билбиловски, претседател на ЗМСТА – Гостивар.



Особена чест ни претставуваше и видео пораката од претседателот на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри (БАМС) на м-р Горан Мошиќ.
 


Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ од 2017та година е името кое повикува на единство и ја сплотува сестринската професија во нашата земја.

Сестра Гордана Бешлиовска е иницијаторот и креаторот на ова движење кое брои над 6000 членови, и секогаш зо задоволство го истакнува веќе добро познатиот слоган „Медицинските сестри можеби не се ангели, но сигурно се втората најдобра работа по ангелите“.

Изминативе години бевме сведоци на многу организирани меѓународни конгреси, соработки и меморандуми со влијателни здруженија.

Се формираа друштва кои под закрилата на здружението „ЗА НАС“ ги следат тековните светски случувања и едукативно влијаат врз сестринската професија во нашата земја организирајќи симпозиуми и работилници.

Како активна членка на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри, на Европската Асоцијација за историјатот на сестринството и на Европската Асоцијација на сестри – специјалисти, Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „ЗА НАС“ се втемели како единственото здружување во нашата земја кое прави значителни чекори во промовирањето на сестринската професија.

Признанието за најхумана медицинска сестра за прв пат беше промовирано уште во 2018тата година кога за прв пат и беше организирана Свечената академија. Беа доделени и признанија за оние со најголем работен стаж, а не беа заборавени ниту оние кои за време на ковид пандемијата ги жртвуваа своите животи за доброто на пациентите.

Од минатата година здружението го воведе и одликувањето од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра „Славјанка Влахчева“.


Особено интересно случување на свечената академија беше и ревијата посветена на сестринските униформи која ја предводеше нашиот почесен гостин од Хрватска, Томислав Ковачевиќ.



На свечената академија беше промовирано и единаесетотто Друштво на акушерско - гинеколошки сестри при ЗМСТАС „ ЗА НАС“.





Во присуство на голем број медицински сестри од целата земја беа доделени традиционалните признанија за најхумана медицинска сестра за изминатата година, а за прв пат беа доделени и признанија за најдобар ученик и студент за учебната 2023/2024 година.





Искажуваме голема благодарност до естрадните уметници Браво Бенд, Џина Папас Џокси, Јаков Дренковски, Елена Андоновска и Виолета Пандовска кои со своите настапи го збогатија ова случување, а особено и до медицинските сестри кои ја покажаа својата музикалност и сестраност настапувајќи со неколку наши изворни македонски нумери: Сара Сурлаџиоска, Моника Јовановска, Андријана Стојчевска, Ивана Стојковска и Марија Наумовска.















Настанот го водеше големиот хуманитарец и голем пријател на нашето здружение, Каролина Петковска, додека пак големиот уметник Живко Поповски – Цветин со своите цртежи повторно ни го разубави настанот споделувајќи го својот талент и позитивната енергија.

Чест и задоволство ни беше и соработката со хуманитарната организација „Св.Спас“ и отец Оливер Петровски кои помогнаа да ја оствариме нашата мисија за донација на оброци за бездомните лица и социјално загрозените во реонот на Скопје.



Искажуваме голема благодарност до нашите генерални спознори „ЛАДНА“ и Специјална Болница по гинекологија и акушерство и ИВФ центар „ПЛОДНОСТ“ за несебичната помош со која потпомогнаа во реализацијата на овој голем настан.
 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести