ИМПОЗАНТНА ПОСЕТЕНОСТ НА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА КАРДИОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“

Почитувани членови, ве известуваме дека вчера (22.02.2024год.) се одржа Вториот Симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема „НОВИ ПРОФЕСИОНАЛНИ ПЕРСПЕКТИВИ ВО КАРДИОЛОГИЈАТА“, во Велес.




Настанот со свој поздравен говор го отвори претседателката на Унијата и здружението, сестра Гордана Бешлиовска која порача:

„Импозантната посететеност и богатата програма по однос на презентациите покажаа едно ново, повисоко ниво на нашата професија. Освестеност за квалитетите кои ги нудиме како незаменлива алка во здравствениот систем и можноста едукативно да влијаеме на иднините генерации во професијата, а секако, и на корисниците на услугите.

Како што и секогаш истакнувам, ние сме една племенита професија, со многу ангели и овој наш повик треба да го прифатиме како одговор на молитвите на пациентите без оглед на било каква религиска, расна или општесвена разлика.

Од името на Унијата ви благодарам за сплотеноста. Задоволни сме што оваа година остваруваме многу настани. Уште многу нови активности не очекуваат во блиска иднина, а овој втор симпозиум на Друштвото на кардиолошки сестри е само најава за се она што ќе следи.“




Во официјалниот дел свој поздравен говор имаа и претседателот на Друштвото на кардиолошки сестри ДМС Жанета Богоевска, заменик претседателот ДМС Милка Карајанова и ДМС Ангел Драскачев, како дел од организацискиот одбор и модератори на симпозиумот.

„Убаво е да се видиме како функционираме тимски. Денешниот настан е апсолутно заслуга на сите нас. Би сакала со сите презентации и едукативни материјали кои денес ги видовте, да истакнам желба сите сестри да добијат можност да работат со современите методи. Особено оние од помалите градови да добијат прилика за учество, взаемно да си помагаме и да се унапредуваме во својата професија“ - истакна сестра Милка Карајановска, главна мед.сестра во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ и заменик претседател на Друштвото на кардиолошки сестри при ЗМСТАС.




Во програмскиот дел учествуваа ДМС спец.Весна Станчевска од ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ – Скопје на тема „ТЕЛЕМОНИТОРИНГ - СОВРЕМЕН МЕТОД НА СЛЕДЕЊЕ НА ВИТАЛНИ ПАРАМЕТРИ КАЈ ПАЦИЕНТИ,,, Учениците од СМУ ВЕЛЕС (Сара Адамчевска, Андреј Нешов, ментор Весна Смилевска) на тема ,,КРЕИРАЊЕ НА КВАЛИТЕТНИ СЕСТРИНСКИ КАРДИОЛОШКИ ВЕШТИНИ СО КОНТИНУИРАНА ЕДУКАЦИЈА,,...


... м.с. Сузана Костовска, и м.с.Бети Игнатова од Жан Митрев Клиник на тема ,,ХИБРИДНИ ПРОЦЕДУРИ НА АОРТА И АОРТНА ВАЛВУЛА КАКО АЛТЕРНАТИВА НА ХИРУРШКИ ТРЕТМАН,,, м.с.Марина Лазевска од Жан Митрев Клиник на тема ,,МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА НА СРЦЕ СО ТЕСТ НА ПЕРФУЗИЈА НА АДЕНОЗИН,,, м.т. Марко Живковиќ и м.с.Марија Стојановска од УК за Кардиологија – Скопје на тема ,,РАДИОФРЕКВЕНТНА АБЛАЦИЈА И ИЗОЛАЦИЈА НА ПУЛМОНАЛНИ ВЕНИ КАКО ТЕРАПИСКА ОПЦИЈА КАЈ ПАЦИЕНТИ СО ПРЕДКОМОРНА ФИБРИЛАЦИЈА,,...



... ДМС Бојана Кордунова од ЈЗУ КЛБ Штип на тема ,,ПРИПРЕМА И АСИСТЕНЦИЈА ПРИ ИНТРАВЕНСКА СКЛЕРОЗАЦИЈА КАЈ ПОВРШНИ ИНСУФИЦИЕНТНИ ВЕНИ,,, с. Билјана Тодоровска од Општа болница Велес на тема ,,УЛОГАТА НА МЕДИЦИНСКАТА СЕСТРА ВО ЕДИНИЦАТА ЗА ИНТЕНЗИВНА НЕГА ПРИ ТРЕТИРАЊЕ НА БЕЛОДРОБЕН ЕДЕМ,, и Маја Атанасовска, спец. по интензивна нега од Клиничка Болница Аџибаден Систина на тема ,,РАШКИНД  ПРОЦЕДУРА - ПРИКАЗ НА СЛУЧАЈ,,

 
На самиот настан беше промовирана и новата Асоцијација при Унијата на ЗМСТАС - Македонска асоцијација за стерилизација и дезинфекција (МА Стерил Дез) која ќе работи во сферата на интрахоспиталните инфекции заедно со резистенцијата на антимикробните средства кои во моментов се едни од најактуелните теми како во светски рамки така и во земјите на регионот во кои спаѓа и нашата земја. Претседател на друштвото е сестра Роза Рулеска - Пиличева.



Настанот беше збогатен со прекрасната изведба на големиот уметник Јаков Дренковски.


 
Каролина Петковска, големиот хуманист и овој пат беше и водител на настанот.

 
Искажуваме голема благодарност до нашите соработници „ЛАДНА“ за поддршката на сите јавни настани, ОПШТИНА ВЕЛЕС за овозможената сала и ЖАН МИТРЕВ КЛИНИК за поддршката со која ни овозможија реализација на проектот.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести