Почитувани членови, ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ минатата недела даде поддршка и учествуваше на настанот посветен на палијативната нега, на тема
„Долготрајна нега на постарите пациенти – предизвици во државите со геријатриска медицина во развој“ во организација на Македонското здружение за геријатриска медицина.
МЗГМ е интердисциплинарно здружение, член на Европското здружение за геријатриска медицина – EuGMS, во кое членуваат доктори од различни гранки на медицината од примарното, секундарното и терциерното здравство.