Почитувани, ве известуваме дека утре, 16.02.2024 год. (петок) ќе се одржи последната, четврта трибина на тема „ОТВОРЕНО СО СЕСТРИНСТВОТО ЗА СЕСТРИНСКАТА ДЕЈНОСТ“ која Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ја иницираше со цел јавна расправа околу Законот за сестринска дејност.
ЧЕТВРТА ТРИБИНА
Дом на Армија - СТРУМИЦА
со почеток во 14:00 часот.
ПАНЕЛИСТИ:
д-р Злате Мехмедовиќ,
Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита
м-р Соња Славковиќ,
Министерство за образование
м-р Гордана Бешлиовска,
Претседател на Унија на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“
УЧЕСНИЦИ ВО РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЕСТРИНСКА ДЕЈНОСТ
м-р Јулијана Маџовска,
Претседател на Друштвото за историјатот на сестринската професија при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Ирена Нечевска, дип. мед. тех.
Координатор на Унија на ЗМСТАС и Претседател на ЗМСТА „Славјанка Влахчева“ при Унијата на ЗМСТАС
м-р Данче Сердарска,
Член на извршниот одбор при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Ленче Донева, дип. мед. тех.
Член на извршниот одбор при ЗМСТАС „ЗА НАС“
СПЕЦИЈАЛНИ ГОСТИ:
д-р Катарина Кузмановска, Директор на ОБ Струмица
Проф. Д-р Мухамед Таири, Факултет за мед.науки - Тетово
Проф. Д-р Ветон Адеми, Факултет за мед.науки - Тетово
Професори од ВМШ од Штип