Почитувани, по успешната прва трибина на тема „ОТВОРЕНО СО СЕСТРИНСТВОТО ЗА СЕСТРИНСКАТА ДЕЈНОСТ“ Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ве информира дека ВТОРАТА ТРИБИНА ќе се одржи во среда (24.01.2024 година) во кино салата на ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ во Скопје, со почеток од 13 часот.
ВТОРА ТРИБИНА
ЈЗУ ГОБ „8МИ СЕПТЕМВРИ“ - СКОПЈЕ
со почеток во 13:00 часот.
ПАНЕЛИСТИ:
д-р Злате Мехмедовиќ,
Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита
Тема: „Човечки ресурси во здравствениот систем со посебен осврт
на медицинските сестри - техничари, акушерки и стоматолошки сестри“
м-р Симона Атанасова,
Светска Здравствена Организација
Тема: „Поддршката на СЗО за развојот на сестринската професија
во Р. С. Македонија“
м-р Гордана Бешлиовска,
Претседател на Унија на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“
УЧЕСНИЦИ ВО РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗГОТВУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СЕСТРИНСКА ДЕЈНОСТ
м-р Јулијана Маџовска,
Претседател на Друштвото за историјатот на сестринската професија при ЗМСТАС „ЗА НАС“
Ирена Нечевска, дип. мед. тех.
Претседател и координатор на ЗМСТА „Славјанка Влахчева“ при Унијата на ЗМСТАС
Ленче Донева, дип. мед. тех.
Член на извршниот одбор при ЗМСТАС „ЗА НАС“
СПЕЦИЈАЛЕН ГОСТИН:
д-р Пиа Врачко
Советник за здравствени политики во СЗО