ПРВА ТРИБИНА: ОТВОРЕНО СО СЕСТРИНСТВОТО ЗА СЕСТРИНСКАТА ДЕЈНОСТ

Почитувани, ве известуваме дека минатата недела, на 18.01.2024 година се одржа првата трибина на тема „Отворено со сестринството за сестринската дејност“, како најава за работните состаноци со Министерството за здравство и Светската Здравствена Организација за Законот за сестринска дејност.



Работниот ден започна со срдечното гостопримство на Ректоратот на Битолскиот Универзитет „Св. Климент Охридски“, каде заедно со учесниците на трибината имавме прилика да ги усогласиме заедничките видувања и да ја истакнеме потребата од академски студии за медицинските сестри.







По овој состанок, во соработка со Високата Медицинска Школа во Битола ја отворивме и првата трибина, каде на наше огромно задоволство присуствуваше и директорката на ВМШ - Проф. д-р Тања Јовановска, дел од професорскиот колегилиум, Проф. д-р Николче Јанкуловски како претседател на Сенатот на Универзитетот, д-р Љубиша Каранфиловски - претседател на Самостојниот синдикат, како и голем број на медицински сестри и студенти од Битола, Прилеп, Демир Хисар и околните градови.





Имавме голема чест нашиот специјален гостин, Проф. Доц. Адриано Фригановиќ кој е Претседател на Европска организација на сестри специјалисти, Претседател на Хрватскиот национален сојуз на сестри и Престедател на Хрватското друштво на медицински сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија да ја отвори нашата прва трибина со предавање на тема „Паралела на кариерниот развој на сестрите во Хрватска и Македонија“.





Меѓу панелистите свое излагање имаа и д-р Злате Мехмедовиќ, Национален координатор за реформи во примарната здравствена заштита; д-р Соња Славковиќ од Министерство за Образование и Наука и м-р Гордана Бешлиовска, Претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“.





Резолуцијата од одржувањето на првата трибина е во насока на озаконување на професијата, утврдување на образовниот процес, согледување и решавање на недостатоците на работните места и планирање на стратегии за унапредување на сестринството во целокупниот здравствен систем.





Втората трибина е закажана за 24.01.2024 година во Скопје.
Деталите следуваат наскоро...

 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести