ОДБЕЛЕЖАН ЈУБИЛЕЈОТ ПО ПОВОД 35 ГОДИШНИНАТА ОД ПОСТОЕЊЕТО НА ВИСОКАТА МЕДИЦИНСКА ШКОЛА - БИТОЛА

Вчера беше обележан јубијелот по повод 35 години од постоењето на Високата медицинска школа во Битола. Настанот го отвори директорката на ВМШ - проф. д-р Тања Јовановска со благодарност до сите здравствени професионалци, студенти на Високата, како и актуелни и пензионирани професори.



Говор одржа и ректорот на Универзитет “Св. Климент Охридски” - Битола кој ја истакна важноста на оваа членка на Универзитетот.


 
Се доделија благодарници за долгогодишна соработка со разни институции, како и свечено доделување на дипломи на студентите од втор циклус специјалистички студии.



Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ беше добитник на една од благодарниците во име на добрата соработка, промоција и допринос кон сестринската професија во нашата земја.



Свое обраќање имаше и сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“:

 

„Ми претставуваше особено задоволство што бев дел од овој прекрасен настан. Најпрво како студент од школата во првата генерација студенти бидејќи ми е гордост што сум дипломец на ВМШ - Битола, а потоа и како претседател на Унијата и ЗМСТАС „ЗА НАС“, добивајќи јавно признание и благодарност за сите активности кои ги правиме изминативе години.

Нека е  честит 35 годишниот јубилеј на Високата медицинска школа - Битола! Благодарение на директорката проф. д-р.Тања Јовановска и на нејзиниот успешен тим знам дека сме во исчекување на уште многу успешни студенти преку кои создаваат светла иднина за здравствените професионалци.“

 


 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести