ПРОМОЦИЈА НА ДРУШТВОТО ЗА ИСТОРИЈАТА НА СЕСТРИНСТВОТО ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Во текот на вчерашниот ден беше одржана свечена церемонија на тема „Сестрите низ историјата и сестринството во сегашноста за подобра иднина“. Домаќин на овој настан беше ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ од каде што и започна  со работа здружението „ЗА НАС“.



Главната цел на оваа церемонија беше промоција на „Друштво за историјата на сестринството“ при ЗМСТАС „ЗА НАС“ чиј прв претседател е овогодинешната добитничка на повелбата „Славјанка Влахчева“ и одликувањето од прв ред со медал-брош од охридски бисери, кој во иднина ќе биде заштитен знак за ова престижно признание, сестра Јулијана Маџовска.



Охридските бисери, секоја година ќе бидат доделувани во соработка со српскиот конзул во Охрид, г-динот Михајло Филев и неговата семејна компанија „Филеви“.



Настанот започна со кратка ретроспектива од случувањата на вториот меѓународен конгрес, кој годинава се одржа во периодот од 13ти до 15ти октомври во хотел „Дрим“, Струга.



Сестра Гордана Бешлиовска, претседателот на Унијата на ЗМСТАС при ЗМСТАС „ЗА НАС“ свечено ја отвори програмата, потсетувајќи на зачетоците на здружението кои започнаа токму од големата кино сала во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“, активностите кои изминатите шест години се случуваат, големиот број на организирани настани, едукации, работилници, симпозиуми, конгреси, формирања на друштва, приклучување на европски и светски организации, носејќи ја Унијата, односно Здружението, а со тоа и целата сестринска професија во нашата земја на едно повисоко ниво, чекор поблиску до европските и светските стандарди. Како и секогаш, таа повика на единство, сплотеност и уште поголема издржливост во напорите да се добијат посакуваните цели и заслуженото признание на вредноста на сестринската професија.



Голема поддршка здружението доби и од националниот координатор на реформите во примарна здравствена заштита спец. д-р Злате Мехмедовиќ, кој уште еднаш истакна дека ќе се залага за озаконувањето на сестринската професија и нејзино промовирање во светски рамки.



Во однос на формирањето на друштвото за историјата на сестринството во нашата земја, значаен момент беше и видео пораката од главниот офицер за комуникација при Европската асоцијација за историјата на сестринството, г-ѓа Ана Ла Торе од Италија, која истакна дека веќе наредната година очекува нашето здружение да стане и член на оваа организација.



При формирањето на друштвото здружението истакна дека овој момент ќе биде посветен на единствената Славјанка Влахчева, која е всушност првата едуцирана македонска медицинска сестра, а како што истакна и Ана Ла Торе, важно е да си ја знаеме историјата за да може да одиме напред кон нови постигнувања.



Големо задоволство и чест ни приредија и блиските преставници од семејството на Влахчева, кои лично присуствуваа на оваа голема промоција.



Во склоп на вчерашниот настан беше организирана и мини изложба со личните предмети, одликувања и медали на Великанката на Македонското сестринство - Славјанка Влахчева, потпомогната од Музејот на град Штип и директорот Митко Штерјов.







Наклонетост и поддршка за овој настан пристигна и од претседателот на Eвропската организација на сестри специјалисти, на Хрватскиот национален сојуз на сестри, и на Хрватското друштво на мед. сестри за анестезија, реанимација, интензивна нега и трансфузија, г-динот Адриано Фригановиќ, како и од претседателот на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри, г-динот Горан Мошиќ.



Меѓу присутните беа преставниците од канцелариите на Светската здравствена организација и АКАЗУМ, а со свој говор не поздрави и првата директорка на Високата Медицинска Школа во Битола, професор Павлина Василева. Оваа година ВМШ прославува јубилеј од 35 години постоење.



Во делот од програмата на настанот која беше посветена на резолуција од скоро завршениот втор меѓународен конгрес на медицинските сестри беа доделени сребрени и златни сертификати за најдобрите предавања односно за стручноста на медицинските сестри за приближување до современото сестринство.

ЗЛАТНИ СЕРТИФИКАТИ:
 
1.Христина Гулеска, ПЗУ „ Медика д-р Пецко Десоски „ -
2. Елена Младеновиќ- ЈЗУ институт за белодробни заболувања кај деца Козле
3. Анета Џепиќ Танеска -ЈЗУ ЗД Железничар
4. Андроники Бибовска – Клиничка болница Систина
5. Жанета Богоевска Митева – Клиничка болница „ Жан Митрев „
6. Надица Нешковски - ПЗУ Плодност
7. Катарина Јонев Ќираковиќ – Justine initiative – Швајцарија
8. Весна Стојановска – Клиничка болница „Жан Митрев„
9. Соња Ризова - ГОБ 8 Септември
10. Анер Дураковиќ– Здружение на итни медицински сестри Сараево
11. Далиборка Душановска Тошев – УК СБ по хируршки болести „ Св.Наум Охридски„
12. Живана Вуковиќ Костиќ– Бања Лука Р.Српска
13. Емилија Наумовска – ЈЗУ УК за очни болести
14. Татјана Ѓоргоски – ЈЗУ УК за ендокринолигија и метаболни заболувања
15. Анита Велкова -ЈЗУ СБ за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември


СРЕБРЕНИ СЕРТИФИКАТИ:

1. Валентина Несторовска
2. Катерина Павловиќ Југовиќ, Раденка Ќираковиќ, Марија Станковиќ
3. Д-р Владимир Ристовски
4. Весна Станчевска
5. Далиборка Душановска Тошев
6. Соња Русевска
7. Драгана Радовановиќ
8. Ајхан Авдиќ
9. Аида Садиковиќ
10. Александра Темелковска , И. Кајевски , В.Пачемски , И. Наумов
11. Нафије Алили
12. Емилија Наумовска
13. Светлана Ончева
14. Јована Митовска
15. Марина Лазеска
16. Ивана Драгевска, кристина Павлова
17. Ирена Котеска , Жанета Богоевска Митева
18. Сунчица Трендафилова
19. Сузана Димишковска
20. Татјана Ѓорговски
21. Марија Станковиќ, Драгана Лекиќ, Љубица Спасојевиќ
22. Моника Димитриевска
23. Снежана Беговска
24. Елизабета Настеска
25. Сања Давидов
26. Анета Јовановска
27. Анета Смолиќ
28. Ангелина Дилберова
29. Милена Ѓорѓиевска
30. Светлана Анастасова
31. Јулијана Вуловска Костова
32. Сузана Стојановска
33. Силвана Симоновска
34. Деспина Зафировска
35. Д-р Ангелка Јанкуловска
36. Ангел Драскачев
37. Д-р Таше Трпчевски
38. Билјана Марковска
39. Андреја Србиновски, Анета Смолиќ, д-р Тања Анѓушева, д-р Жан Митрев
40. Глорија Гашпар, Снежана Мицевска„

Настанот го водеше големиот хуманитарец и поддржувач на сестринската професија, прекрасната Каролина Петковска, додека за забавниот дел се погрижи поп-пејачот Даниел Данн придружуван од училишниот бенд на СУГС „Раде Јовчевски - Корчагин“ од Скопје (под менторство на професорот по музичка уметност, Миле Наумовски) и поетесата Оливера Станковска.






 

















Фотограф: Андреј Ристески
 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести