„Мојот животен сон започна далечната 2007 година, и оттогаш цели 15 години се стремам за доброто на оваа професија. Најпрвин како младински координатор во цвениот крст во Охрид, а потоа и во делот на здравствено-воспитната дејност во Охрид, како член на кооринативното тело за болести на зависност и заразни заболувања. Оваа година на 12ти мај на Меѓународниот ден на сестринството, на свечената академија во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ го добив престижното признание за најхумана сестра која дала свој придонес во сестринската професија во нашата земја, и за мене претставува само поттик за понатамошни успеси во името на оваа прекрасна професија.“ - истакна сестра Елизабета.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.