МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ТРЕБА ДА БИДЕ ПРВА ПОДДРШКА НА СЕСТРИНСКАТА ПРОФЕСИЈА

Големиот настан кој се случи изминатиов викенд, а е само втор конгрес на медицинските сестри во организација на Унијата на ЗМСТАС предводена од Здружението „За нас“ како рамноправна членка на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри зборува за тоа колку е постигнато за само неколку години активно работење на целите на сестринската професија.

Со посетеност на еминентни професори, предавачи од европските високи школи, како и од регионов Унијата успеа да го обедини Балканот.

400 учесници се импозантна бројка со која сите треба да се гордеат бидејќи со вакво сестринство кое во период на големо незадоволство, неисполнети услови, нарушено достоинство, без безбедносни услови за работа покажаа дека сепак постои мотивација за едуцирање.

Поддршката од претседателот на државата, преставници од министерството за образование, голем број на општини и големи здравствени институции кои не удостоија со своето присуство, односно јавното произнесување на нивното задоволство за успешниот настан ни покажаа дека сепак постои слух за нашата професија.

Од друга страна еден многу важен сегмент за нас медицинските сестри е поддршката од Министерството за здравство, кое и оваа година по низа настани некако отсуствува. Ние се надеваме дека министерот во неговата агенда ќе најде простор и време да ни честита за успешниот конгрес.

Знаејќи дека за време на конгресот беше оправдано отсутен, ни беше најавено присуство на преставник од министерството, односно очекувавме барем јавна поддршка  и произнесување од медицинската сестра која е сега дел во оваа институција, но за жал нашите барања и на ваков импозантен настан од европски карактер, отсуствуваше институционалната закрила.

Ние покажавме дека имаме желба да се образуваме, да се усовршуваме, да се доградуваме, дека сме стручни и профеионални, а конгресот само ни дозволи да го потврдиме тоа што е така со години наназад.

Порачуваме од името на Унијата дека инвестицијата во сестринството и во образованието на сестрите е инвестиција во здрава нација. Иднината на здравата нација лежи во инвестицијата во најбројниот медицински персонал во здравствените институции, а тоа се медицинските сестри.

Мора да се променат стратегиите и да се вклучат сестрите да помогнат во тие стратешки промени, бидејќи само ние најдобро знаеме што е најпотребно и круцијално за зголемување на задоволството и унапредување на квалитетот на услугите.


УНИЈА НА ЗМСТАС
ЗМСТАС „ЗА НАС“

 

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести