ЗАВРШИ ВТОРИОТ КОНГРЕС НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

Изминатиов викенд од 13ти до 15ти октомври се одржа вториот Конгрес на медицинските сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри, со меѓународно учество, на тема „Здравствената нега – научна дисциплина“.

 
Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“, оваа година како рамноправна членка на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри, го организираше овој настан на кој присуствуваа околу 400 учесници, предавачи и соработници.

 
Конгресот започна во преполната конгресна сала во хотел „Дрим“, Струга, со свеченото отворање на 13ти октомври, петок, со интонирање на македонската химна.

 „Со овој конгрес се приближуваме чекор понапред во желбата да ги прикажеме медицинските сестри во друго светло, со прилика за истражување во сестринството бидејќи здравствената нега е научна дисциплина.“ 

 
Официјалниот дел го отвори м-р Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „За нас“, по што следеше видео обраќање од претседателот на Р.С. Македонија, г-динот Стево Пендаровски.

„Иако не сум во можност лично да бидам дел од овој Втор меѓународен конгрес на медицински сестри, ви благодарам за поканата и за можноста да ви се обратам преку видео порака за да ви посакам успешна работа. Најпрво, сакам да ја поздравам соработката што ја остварувате со професионалните здруженија од регионот и пошироко, што претставува  одлична можност за размена на знаења со вашите колеги и споделување на нови стручни достигнувања и практики, преку кои, уверен сум, придонесувате за унапредување на сестринството.“ 

 
Краткото видео од фотографии го прикажа историјатот на Унијата и Здружението, и сите големи активности и настани кои ги обележаа изминатите шест години од нивното формирање.


 

Следеа говори на почесните гости од земјава и регионот:

- г-н Горан Мошиќ, претседател на БАМС 
- г-ѓа Живана Вуковиќ Костиќ – ЗМСА – Бања Лука, Република Српска
- г-ѓа Раденка Ќираковиќ – ЗМС Лозница – Србија
- г-н Мевљудин Бабаиќ – „ПУЛС“ - Босна и Херцеговина
- г-ѓа Мирјана Блануша – „Ескулап“ – Белград
- г-н Адриано Фригановиќ – претседател на ESNO -  Хрватска
- г-ѓа Ирена Нечовска - „Славјанка Влахчева„ - Скопје
- г-ѓа Наџие Фетаи – „Флоренс Најтингејл“ – Тетово
 
На свечената церемонија за прв пат беа доделени и плакети, односно одликувања од прв ред во име на првата македонска медицинска сестра „Славјанка Влахчева“, a oфицијалниот дел од конгресот го отвори проф. д-р. Драган Мијаковски со стручниот соработник - дипломирана мед. сестра Јованка Арсовска од Институт за медицина на труд – Скопје, со предавање на тема „Стрес поврзан со работата и квалитет на услугите за пациентите“.
 
Првиот ден заврши со интернационална вечера и дружење со КУД „ Мислешево“ од Струга.

(продолжува...)



Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести