ИНФО: РЕГИСТРАЦИЈА И СМЕСТУВАЊЕ НА ВТОРИОТ КОНГРЕС СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

Почитувани членови, 

Пристигнувањето и регистрацијата за Конгресот ќе се одвива од 15 до 17 часот на 13ти октомври (петок) во хотелот „Дрим“.

Официјалното отворањето на Конгресот ќе започне во 18 часот, а при регистрацијата ќе добиете пакет материјали за Конгресот како и ваучер за свечената вечера.
 
ПОНУДА СО СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛ „ДРИМ“

- 2 ноќевања полу-пансион (појадок и вечера), котизација, свечена вечера, материјали и две кафе паузи со закуска – 150€.
*доплата за 3та ноќ со полу-пансион (појадок и вечера) е 45€.
*доплата за полн пансион (појадок, ручек и вечера) е 5€ од ден.

- 1 ноќевање полупансион (појадок и вечера), котизација, свечена вечера, материјали и две кафе паузи со закуска – 100€.
*доплата за полн пансион (појадок, ручек и вечера) е 5€.

Плаќањето се врши во денарска противвредност
со директна уплата во хотелот „Дрим“.
Резервациите треба да ги направите
во директен контакт со хотелот „Дрим“

Е-мејл адреса: - sales@drim.com.mk
Телефон: Климент (070347269) и Ана - (072274730)


 
ПОНУДА БЕЗ ПРЕСТОЈ

Во однос на присуство на Конгресот без престој во хотелот,
уплатата ќе се врши директно на сметката на
ЗМСТАС ЗА НАС, Депонент: Шпаркасе Банка, Сметка: 250010301995109, 
или при самото пристигнување за регистрација, во кеш.

*За оние кои ќе уплатат на сметката на Здружението, потребно е да ја приложат уплатницата при регистрацијата.



 
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА КОНГРЕСОТ:
 
За учесниците од Македонија:
- Вкупна котизација со вклучени две кафе паузи со закуска,
материјали за Конгресот и свечена вечера – 55€.
- Котизација од ден (петок/сабота) - 35€.

За учесниците од регионот и пошироко,
уплатата во евра ќе се врши на девизната сметка: 
Депонент – НЛБ БАНКА, IBAN 07210722000124033.
- Вкупна котизација со вклучени две кафе паузи со закуска,
материјали за конгресот и свечена вечера – 75€.
- Котизација од ден (петок/сабота) - 55€.

За студенти и средношколци од факултетите, високите медицински школи и средните медицински училишта,
Конгресот е отворен без Котизација за учество и пријавување теми.

- Акредитации (број на учесници) без котизација ќе одобри извршниот одбор на ЗМСТАС ЗА НАС од пријавените на – kontakt@zanas.mk


За повеќе информации,
контактирајте нѐ на мејл (kontakt@zanas.mk),
или на Вибер на 070-406-927.

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести