РАБОТИЛНИЦА: “ХИВ – БИОМЕДИЦИНСКА ПРЕВЕНЦИЈА И ПРОФИЛАКСА ЗА ЗДРАВСТВЕНИ РАБОТНИЦИ И ЕДНАКВИОТ ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИТЕ СО ХИВ“

Почитувани членови ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ учествуваше на работилницата со тема “ХИВ – биомедицинска превенција и профилакса за здравствени работници и еднаквиот третман на пациентите со ХИВ“ оранизирана од страна на Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и Здружение за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ.

Главни предавачи на настанот беа Д-р Милена Стевановиќ, специјалист-инфектолог, Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби и Андреј Сених, извршен директор на Здружението за поддршка на луѓето што живеат со ХИВ – ЗАЕДНО ПОСИЛНИ.



Целите на оваа работилница беа да се споделат нови и ажурирани информации за:
- Епидемиолошкиот контекст на ХИВ во С. Македонија и напредокот на земјата кон постигнувањето на глобалните цели за
окончување на епидемијата;
- Биомедицинската превенција на ХИВ и релевантните препораки на СЗО;
- Професионалниот ризик од ХИВ со фокус на здравствени работници во областа на хирургијата;
- Постекспозициската профилакса во случај на потенцијална изложеност на вирусот кај здравствени работници;
- Социјалните аспекти на ХИВ-инфекцијата и улогата на здравствените установи и здравствените професионалци;

и да се разменат ставови меѓу хирурзи, инфектолози, други здравствени работници и соработници, како и пациенти со ХИВ во врска со третманот на ХИВ-инфекцијата во Македонија.

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести