ПОДДРШКА НА ПОДОБРУВАЊЕ НА КОНТИНУИТЕТОТ НА ГРИЖАТА ЗА ХИПЕРТЕНЗИЈА И ДИЈАБЕТЕС, ПРОЕКТ НА СВЕТСКАТА БАНКА ВО НАШАТА ЗЕМЈА

Светска банка во Северна Македонија организираше презентацијата на извештајот „Поддршка на подобрувања на континуитетот на грижата за хипертензија и дијабетес во Северна Македонија“ на која учествуваше и Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“.

На панел-дискусијата се дискутираше за предизвиците и можностите со кои се соочува здравствениот сектор во земјата. Во него беа вклучени претставници од повеќе владини институции, професионални здруженија, граѓански организации и развојни агенции.


Заменик министерката за здравство д-р Maja Манолева во воведното обраќање посочи: „Финализирањето и дисеминацијата на податоците од извештајот, како показател за досегашното силно партнерство и натамошно унапредување на соработката со Светска Банка и останатите партнери од владиниот и невладиниот сектор, со акцент на намалување на влијанието на незаразните заболувања врз поединци и општеството во целина, за што е потребен сеопфатен пристап и вклученост на сите сектори“.
 
Али Хаманди, виш економист во Светска банка и Ана Крстеска го презентираа извештајот, додека Масимилиано Паолучи, директор на Светска банка за Северна Македонија и Косово имаше воведно обраќање: „Товарот на незаразните болести врз населението кое старее во Северна Македонија е во пораст. Големата консумација на тутун и алкохол, хипертензија, нездрава исхрана и недоволната физичка активност имаат јасно влијание врз очекуваниот животен век и благосостојбата, што е потврдено со стапката на смртност и инвалидитет“, рече г-дин Паолучи.

Тој додаде: „За подобро да се одговори на потребите на оваа популација со растечките предизвици предизвикани од хроничните состојби и да се подобрат севкупните перформанси на домашниот здравствен систем, од суштинско значење е нов модел на примарна здравствена заштита за земјата. Овој модел треба да го подобри квалитетот на грижата и ефикасноста на примарната здравствена заштита преку намалување на фрагментацијата, зајакнување на координацијата, ставање приоритет на превенцијата и зајакнување на улогата на медицинските сестри во примарната здравствена заштита.“

Проф. Елена Ќосевска; м-р Гордана Бешлиовска

Свое обраќање на настанот имаше и претседателот на Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“, сестра Гордана Бешлиовска.


 

Пребарување

Категории

Актуелно

Солидарност и хуманост! Заедно во: болка и надеж! Поддршка на Меѓународните Асоцијации и Здруженија на медицински сестри и техничари
18.3.2025
Дел од овие наши колеги и колешки исклучителни професионалци во своите области, во моментот се грижат за дел од нашите деца - дел од повредените коишто се испратени на лекување во здравствените центри надвор од земјава!
Види детали

Тагови

Архива на вести