ЈАКНЕЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ПРОТИВ ТРГОВИЈАТА СО ЛУЃЕ ВО НАШАТА ЗЕМЈА, ПРОЕКТ НА ЕУ И СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

Почитувани членови ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ учествуваше на проектот на Европската Унија и Советот на Европа на тема „Јакнење на активностите против трговијата со луѓе во С.Македонија“.

Настанот го предводеа Нермина Факовиќ, Раководител на одделението за превентивна здравствена заштита од Министерството за здравство и Светлана Цветковска, Раководител на секторот за еднакви можности од Министерството за труд и социјална политика.



Проектот "Спречување и борба против трговија со луѓе во Северна Македонија" се имплементира во рамките на заедничката програма на Европската Унија и Советот на Европа "Horizontal Facility за Западен Балкан и Турција 2019 - 2022" ги поддржува властите во Северна Македонија во подобрување на идентификувањето, заштитата и помошта за жртвите на трговија со луѓе, во согласност со европските стандарди, како што е пропишано во препораките што произлегуваат од следењето на 
Конвенција на Советот на Европа за борбата против трговија со луѓе.

Хамиде Љатифи, Координатор на стоматолошки сестри при ЗМСТАС - ЗА НАС

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести