Почитувани членови ве известуваме дека нашето здружение ,,ЗМСТАС-ЗА НАС" после официјалното зачленување во Меѓународната асоцијација ,,БАМС“ од 21ви до 23ти Април 2023 година учествуваше и на второто Собрание на Асоцијацијата кое се одржа на Златибор во Р.Србија.
Собранието на ,,БАМС" се одржа во склоп на Конгресот на здружението ,,ЕСКУЛАБ" од Р.Србија на кое исто така нашите сестри учествуваа со свои стручни предавања.
На истиот настан беа избрани и надополнети сите раководни тела во асоцијацијата меѓу кои и нашето членство:
Управен одбор на Асоцијацијата:
м-р Гордана Бешлиовска
Делегати во Собранието на,, БАМС":
Дип.мед.сестра Данче Сердарска
Дип.мед.тех. Благородна Ѓеорѓиевска
мед. тех. Илија Милошовски
Член во надзорниот одбор:
Дип.мед.тех.Ленче Донева
Делегати во судот на честа :
Дип.мед.тех.Мирјана Трајанова
Дип.мед.тех Ангел Драскачев, кој е избран и за Претседател на судот на честа
*За сите делегати здружението делегираше соодветни заменици за да може да учествуваме континуирано во работата.
Во чест на добра, стручна и колегијална соработка беа посадени садници на стратегија, за успешна и плодна соработка. Секое здружениe доби садник во чест на своето членство.
Зацртаните цели продолжуваме да ги остваруваме на сите наредни стручни средби.
Ваквите меѓународни активности ќе ни овозможат полесно да се доближиме до современото сестринство, и да можеме да го подигаме гласот за нашиот статус.
Подготвил:
Даниел Стојмановски
Односи со јавност и комуникација со медиуми
ЗМСТАС - ЗА НАС