Министерство за образование: По реакцијата на ЗМСТАС - ЗА НАС профилот на гинеколошка медицинска сестра (акушерка) ќе се изучува и на Македонски јазик

Во текот на минатата недела Здружението ЗМСТАС „ЗА НАС" реагираше на претстојните конкурси за уписи во средните медицински училишта поради немање на паралелка за профилот гинеколошка медицинска сестра (акушерск) на Македонски наставен јазик.
„По нашата реакција во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство односно Министерот информираше дека ќе биде се проверено и решено позитивно, а денеска веќе Министерството за образование и официјално потврди дека овој профил на гинеколошко акушерска медицинска сестра ќе се изучува и на Македонски наставен јазик.“ - изјавија од извршниот одбор на здружението.

Реакциите на здружението беа пренесени низ сите медиуми преку изјавите на председателот на здружението, и координатор на Унијата на здруженија сестра Гордана Бешлиовска.

Единството секогаш е подигнат глас за достоинството на нашата професија!
Успех на идните сестри -акушерки и добредојдовте во професијата!
,,Ова е наше време за да дојдат подобри времиња"


Подготвил:
Даниел Стојмановски
Односи со јавност и комуникација со медиуми
ЗМСТАС - ЗА НАС

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести