СТРАТЕГИИ И ЦЕЛИ НА БАМС ЗА 2023

Со потпишувањето на меморандумот за полноправно членство на Балканската Асоцијација на Медицински Сестри, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС ги усогласи своите стратегии и цели за 2023 година заедно со останатите земји од регионот.

Главните интенции на асоцијацијата ќе бидат:

 

ДОНЕСУВАЊЕ НА ЗАКОН ЗА ЗАБРАНА НА ПРЕКВАЛИФИКАЦИЈА НА НЕСООДВЕТНИТЕ СРЕДНИ СТРУКИ
Временото мирување е само чекор напред, но БАМС ќе се залага за донесување на Закон со кој ќе бидат забранети преквалификации на несоодветните средни струки во здравственото образование во целиот регион.

ПОЗИЦИОНИРАЊЕ НА ЗДРАВСТВЕНОТО ВОСПИТУВАЊЕ ВО НАЈРАНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Сметаме дека е важно здравственото воспитување да се практикува уште од најрана предшколска возраст и за таа цел ќе ги вложиме своите напори истото да биде втемелено и во нашиот образовен процес.

УСОГЛАСУВАЊЕ НА ДИПЛОМИТЕ И ЗАВРШНИТЕ ДРЖАВНИ ИСПИТИ ВО ЦЕЛИОТ РЕГИОН

Образованието на медицинската сестра во Р.С. Македонија, Р.Србија, БиХ и Р.Српска треба да е подеднакво признаено и ние на Балканот да функционираме унифицирано со сите заслужени бенефиции.



Подготвил:
Даниел Стојмановски
Односи со јавност и комуникација со медиуми
ЗМСТАС - ЗА НАС

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести