“Одржувањето на настани од ваков карактер се со круцијално значење за нашата професија и затоа Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС - ЗА НАС во својата стратегија ќе се залага за надополнување на оваа служба, која е неопходна. Според неофицијалните податоци просечната старосна граница кај патронажните сестри е 55 години, а воедно се соочуваме и со голем дефицит. Потребно е да реагираме веднаш, и додека се уште на своите работни позиции се искусните професионалци да се искористи нивното знаење за обучување на нови медицински сестри со што ќе се зајакне и овој сегмент од здравствениот систем.“ - истакнуваат од извршниот одбор на здружението.
Настанот беше поддршан од фармацевтската компанија „EWOPHARMA“.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.