Да го посветиш животот на медицината е како да ја имаш суштината на постоењето во свои раце - здравјето, а почетна точка на секој успех е желбата. Бидејќи за да се влијае врз текот на здравството треба да се биде навистина силен. Да се биде силен, тоа значи да се биде медицинска сестра.
Координативните тела на Унијата на ЗМСТАС и денеска организираа прослава во чест на меѓународната недела на сестринството, овој пат во Прилеп.
Горди сме на нашите колешки и колеги од Прилеп, за прекрасната организација, но и за сплотеноста и единственоста која е двигател на оваа хумана професија. Заеднички можеме многу, ОВА Е НАШЕ ВРЕМЕ и задоволни сме што конечно започнуваат преговорите за нашата главна цел - озаконување на сестринската професија.“ - истакна сестра Гордана Бешлиовска, претседател на Унијата на ЗМСТАС и ЗМСТАС „ЗА НАС“.