УНИЈАТА СТАНА ЧЛЕНКА НА БАЛКАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Почитувани членови, Ве известуваме дека овој викенд се оддржа првата конференција на Балканската асоцијација на медицински сестри во Белград, Р. Србија.

На овој голем и важен настан учествуваа преставници на здруженијата на медицинските сестри од целиот регион, меѓу кои беше и Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „ЗА НАС“ како преставник на сестринската професија од нашата земја и нова земја - членка на асоцијацијата.


 


„Голема чест и задоволство ни преставува поканата да бидеме дел од Балканската асоцијација и заеднички да придонесеме за позитивните промени кои треба да ја следат најхуманата професија.“ - изјави сестра Гордана Бешлиовска при потпишувањето на Меморандумот за соработка.

 
Балканското здружение на медицински сестри е формирано по децениска соработка меѓу здруженијата од регионот, по примерот на скандинавските земји.


 
 - Истите проблеми се јавуваат и во Србија, како и во БиХ, Македонија, Црна Гора, поврзани со статусот и вреднувањето на професијата во општеството, затоа е многу важно да работиме заедно да се обидеме да ги решиме проблемите што се појавуваат во нашата професија - рече Живана Вуковиќ Костиќ, претседател на Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Српска. 

Целта на Балканската асоцијација е здравствениот систем во сите земји од балканскиот регион да се подигне на повисоко ниво на најдобар можен начин. 
 


Во текот на наредната недела ќе објавиме дополнителни материјали од работните средби и дел од официјалните видеа од самиот настан.

Пребарување

Категории

Актуелно

ВТОР СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВО ЗА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
08.4.2025
Почитувани, ве покануваме на 10ти април 2025 година (четврток) да бидете дел од Вториот Симпозиум на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема: „Поглед кон иднината: Современи пристапи и предизвици во офталмологијата“.
Види детали

Тагови

Архива на вести