НЕ ПРАВЕТЕ НЀ НЕВИДЛИВИ. НИЕ ДЕНЕС ТРЧАМЕ ЗА НАС! | СКОПСКИ МАРАТОН 2021

Почитувани членови, би сакале да дадеме голема поддршка на Весна, Наталија, Игор, Виолета и Анита за успешно завршената трка од 5км на Скопскиот маратон. Денес нашите членови во име на здружението „ЗА НАС“ и во чест на нашите колеги и колешки кои се борат против пандемијата продефилираа со низа слогани преку кои го подигаат гласот на сестринството во нашата земја. Се надеваме дека оваа инцијатива ќе прерасне во традиција и ќе не има во многу поголем број.
 

НИЕ ВО ЗДРУЖЕНИЕТО НА МЕД.СЕСТРИ, ТЕХНИЧАРИ, АКУШЕРКИ И СТОМАТОЛОШКИ СЕСТРИ „ЗА НАС“ ВЕРУВАМЕ ДЕКА ВО ОВИЕ ТЕШКИ МОМЕНТИ СО КОИ СЕ СООЧУВА ЦЕЛОТО ЧОВЕШТВО НАЈВАЖНО Е ДА ОСТАНЕМЕ СПЛОТЕНИ И ЕДИНСТВЕНИ.

ИНИЦИЈАТИВАТА ЗА УЧЕСТВО НА ОВОГОДИНЕШНИОТ МАРАТОН Е ПОТТИКНАТА ОД ПОТРЕБАТА ПОВТОРНО ДА ГО ПОДИГНЕМЕ НАШИОТ ГЛАС, НО ПРЕКУ ЕДНА УБАВА СПОРТСКА МАНИФЕСТАЦИЈА, КАКО ШТО И ПРИЛЕГА НА НАШАТА ПЛЕМЕНИТА ПРОФЕСИЈА.

 

ДЕНЕС СМЕ ТУКА ВО ЧЕСТ НА СИТЕ НАШИ КОЛЕГИ И КОЛЕШКИ КОИ БОРЕЈЌИ ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА ГО ЗАГУБИЈА СВОЈОТ ЖИВОТ, НО И ЗА ОНИЕ КОИ СЕ УШТЕ СЕ ТАМУ, ВО ПРВИТЕ БОРБЕНИ РЕДОВИ.

 

ЕДЕН ОД НАШИТЕ СЛОГАНИ ВЕЛИ ДЕКА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ СЕ СЕКОГАШ ВО КОНДИЦИЈА, И ТОА Е НАВИСТИНА ТАКА... ДА СЕ БИДЕ МЕДИЦИНСКА СЕСТРА ЗНАЧИ ГОЛЕМА ПОЖРТВУВАНОСТ И СПРЕМНОСТ ВО СЕКОЈ МОМЕНТ...

 

НИЕ СМЕ НАЈВАЖНАТА АЛКА ВО ЗДРАВСТВЕНИОТ СИСТЕМ И ПОТРЕБНИ СЕ ПРОМЕНИ, ПОТРЕБЕН Е ЗАКОН СО КОЈ ЌЕ СЕ УНАПРЕДИ И ЗАШТИТИ НАШАТА ПРОФЕСИЈА.

НЕ ПРАВЕТЕ НЀ НЕВИДЛИВИ.
НИЕ ДЕНЕС ТРЧАМЕ ЗА НАС!


Подготвил:
Даниел Стојмановски

 

Голема благодарност за поддршката до DiBiaggioNY

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести