„Во отсуство на Закон за сестринството Унијата и овој пат е приморана поединечно да ги решава проблематиките со кои се соочува сестринството. Како што изнаоѓавме решенија за сестрите-концесионери, за стоматолошките сестри, така ќе се обидеме и овој пат да придонесеме да се најде соодветно решение за сите сестри со завршено високо образование од целата држава. По сублимирањето на разговорите од состанокот, ќе испратиме писмо до Министерот за здравство, а потоа и дополнително ќе ве известиме за исходот.“ - изјавуваат од извршниот одбор на Унијата.
Веб-страницата користи колачиња со цел непречено функционирање, статистики и подобрување на Вашето корисничко искуство.Кликнете на следниот линк со цел да се информирате за тоа како ги користиме колачињата: политика за колачиња.