Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ ја дава својата поддршка за рамноправно вреднување на трудот и кон колегите административци и технолошкиот персонал кои во текот на пандемијата заедно со медицинскиот персонал се на фронтот борејќи се за здравјето на пациентот.
Денеска пред ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје, администрацијата, техничкиот и медицинскиот персонал кој се уште е без решение го искажа своето незадоволство преку протестен говор, кој се одржа во текот на нивната пауза.
НА ПАУЗА СО АДМИНИСТРАЦИЈА, ТЕХНИЧКИ И МЕДИЦИНСКИ ПЕРСОНАЛ
Сите ние бевме изземени од наградата за вработени во ковид центри, а сите сме ние дел од најголемиот ковид центар во државата.
За целиот период на пандемијата, работиме без право на годишен одмор, боледување, не користевме ниту една мерка од Владата, при тоа добивме и наредба која гласи:
"Административните работници во болницата да се вклучат и да учествуваат во извршувањето на посебните и редовните задачи во врска со давање на административни услуги за овозможување и давање на здравствени услуги на пациентите болни од заразната болест COVID-19" а потоа и:
"Секое непостапување по оваа наредба и одбивање за извршување на работна задача ќе претставува дисциплински престап и истото ќе биде соодветно санкционирано"
Понатаму, дел од персоналот кој не доби награда е медицински персонал кој 7ма година работи без стаж, без здравствено осигурување, без соодветна плата, а истиот беше директно вклучен во лекувањето на пациентите кои беа сомнителни или позитивни на Ковид-19.
Ние сметаме дека заслужуваме награда и сме должни да протестираме за да го зачуваме своето човечко и професионално достоинство.
Со почит,
вработените изземени од списокот за награда при ЈЗУ ГОБ 8ми Септември - Скопје