Гордана Бешлиоска од здружение на медицински лица „За нас“ во вчерашното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на ТВ Алфа вели незадоволството кај медицинските сестри се зголемува бидејќи нивната професија е нерегулирана и токму поради тоа бараат донесување на закон за регулирање на професијата медицинска сестра.
-Неофицијално имаме сознанија дека сме 7500 медицински сестри со оглед дека го немаме регистарот кој што исто така законот го уредува за нас. Огромна бројка на медицински сестри и ако ги вклучите околу нас сите наши сродни струки значи зборувам за 7.500 медицински сестри, акушерки и стоматолошки сестри. Сродни струки кога зборувам, зборувам и за физиотерапевти, ренген технолозите, за фармацевтите, за лаборантот и сите ние сме многу важни бидејќи сме синхронизирани во целокупната таа работа. Сите заедно со сродните струки неофицијално сме некаде околу 11.000. Она што ние го зборуваме за сестрите, за акушерките и стоматолошките сестри е дека имаме нерегулирана професија истото ќе ви го кажат и нашите колеги од сите сродни струки. Сите ние сме со нерегулирана професија во овој момент, и незадоволствата се генерални во болниците, рече Бишлиоска и додаде:
- Она што ние е заедничко на сите на работните места се нашите услови за работа, нашите ниски коефициенти за плати, нашите недефинирани професии, неразграничените компетенции и работни задачи со кои што ние настапуваме во болниците и тоа е во суштина кај сестрите сега во овој момент и најголемото незадоволство и најголемата резигнација која што се случува меѓу сестрите е и нарушувањето дури и на меѓучовечките односи е непризнавањето на образованието на сестрите или признавањето на образованието на сестрите меѓутоа признавање на образование само по основ на финансиска награда и додаток за образованието, а не на дополнување на обврските и должностите. Тоа значи дека во работниот ден вие како сестри од тимот работите исто, имате исти одговорности а на први земате различна плата затоа што едната има високо образование, а другата е со средно. И тоа не е во ред, и тоа во ниту една земја од регионот, ниту во Европа не е така поставено. Од тие причини ние го сакаме законот за регулирање на нашата професија кој што ќе треба да ги опише конкретно нашите обврски, нашите компетенции, нашите работни задачи кои што се илјадници, и ќе одреди до каде се работните задачи на една сестра со средно стручна спрема, а до каде се со високо, вели таа.
Извор: Kurir.mk