АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА СО НАСТАН ВО ЧЕСТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

По повод Сеќавањето за жртвите во нападите на 11ти септември, Американската амбасада во нашата земја соопшти дека денешниот настан ќе го посвети на медицинските сестри. Во продолжение ви го објавуваме преводот од нивната официјална изјава:

“Во годината која Светската здравствена организација ја посвети на медицинските сестри и акушерките, ние им ги посветуваме настаните на Денот на сеќавање на 11 септември на сите медицински сестри кои работеа храбро да се грижат за пациентите за време на терористичките напади, во борбените зони, природните катастрофи и особено во текот на Глобалната пандемија со COVID-19.

Медицинските сестри не само што обезбедуваат директна грижа за пациентите со КОВИД-19, понекогаш со голем ризик за себе, тие исто така, обезбедуваат и здравствена едукација, скрининг и поддршка за лицата со висок ризик, спроведуваат мерки на претпазливост за контрола на инфекциите во домовите за стари лица и здравствените установи и учествуваат во истражувањето и надзор над инфекцијата.

Ние им оддаваме чест на сите медицински сестри во текот на годините кои се соочија со предизвикот да обезбедат услуги на пациенти во опасни времиња.


Клара Бартон, медицинска сестра за време на Американската граѓанска војна и основач на американскиот Црвен крст, беше токму таква медицинска сестра. Таа е една од најчесните жени во американската историја. Бартон го ризикуваше својот живот за да им донесе залихи и поддршка на војниците на терен за време на Граѓанската војна. Таа го основа Американскиот црвен крст во 1881 година, на 59 години и го водеше во следните 23 години. Нејзиното разбирање за начините на кои може да им помогне на луѓето во неволја ја водеше во текот на нејзиниот живот. Со силата на нејзиниот личен пример, таа отвори патеки кон новото поле на волонтерска служба. Нејзината интензивна посветеност да им служи на другите резултираше со доволно достигнувања за да се пополнат неколку обични животи.


Пребарување

Категории

Актуелно

СЕ ОДРЖА ВТОРИОТ СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВОТО НА МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ - ИНСТРУМЕНТАРКИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
02.12.2024
Оваа година настанот на тема „ТИМСКАТА РАБОТА НА ИНСТРУМЕНТАРКИТЕВО КАДАВЕРИЧНАТА ТРАНСПЛАТАЦИЈА“ се одржа во ЈЗУ ГОБ „8ми Септември“ - Скопје.
Види детали

Тагови

Архива на вести