УНИЈАТА НА ЗМСТАС ГИ АКТИВИРАШЕ КОМПАНИИТЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО БОРБАТА ПРОТИВ ПАНДЕМИЈАТА: ДОНАЦИЈА ЗА ЈЗУ БРЗА ПОМОШ - СКОПЈЕ

Почитувани членови, Ве известуваме дека Унијата на ЗМСТАС предводени од здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „ЗА НАС“ ја продолжува кампањата за активирање на големите компании во нашата земја за вклучување во борбата против пандемијата.



По пат на финансиска поддршка, лекарства, течности и суплементи општествено одговорните граѓани може најмногу да помогнат на сестринската фела.


Во овој момент, иако сме на почеток на нашата кампања, одзивот е навистина голем и во наредниов период ќе ве известиме за сите активности поврзани со донациите за медицинските сестри.

Денеска ни се приклучи уште една голема компанија „МАГРОНИ ДОО“ од Скопје, која на ЈЗУ Брза помош  - Скопје донираше производи од својот асортиман.

 

Голема благодарност до сите компании кои се приклучуваат во оваа акција.
 

Пребарување

Категории

Актуелно

ВТОР СИМПОЗИУМ НА ДРУШТВО ЗА ОФТАЛМОЛОШКИ СЕСТРИ ПРИ ЗМСТАС „ЗА НАС“
08.4.2025
Почитувани, ве покануваме на 10ти април 2025 година (четврток) да бидете дел од Вториот Симпозиум на Друштвото на офталмолошки сестри при ЗМСТАС „ЗА НАС“ на тема: „Поглед кон иднината: Современи пристапи и предизвици во офталмологијата“.
Види детали

Тагови

Архива на вести