Светски ден на мултиплекс склероза

Триесетти мај се одбележува како Светски ден на лицата со мултиплекс склероза, болест од која страдаат над 2,5 милиони луѓе ширум светот. Тоа е недвродегенеративно заболување и автоимуна болест која првенствено ја напаѓа белата маса на централниот нервен систем. Повеќето пациенти се дијагностицирани помеѓу 25 и 31 година, а околу два пати повеќе од дијагностицираните лица се од женски пол.

Националното здружение се обединува заедно со глобалната заедница за мултипла склероза (МС) ширум светот со единствена цел за подигнување на јавната свест за мултиплата склероза и водење организирана кампања во која се вклучени сите погодени од оваа болест.

Мотото на годинешното одбележување на Светскиот ден е „I connect, we connect“, односно „Заедно поврзани“, додека темата e „MS Connections“ (поврзаноста), односно градење врски во заедницата, самоповрзување, заемно поврзување со цел добивање на квалитетна нега.

Активностите за Светскиот ден на MС се одвиваат во тек на мај и јуни. По тој повод ширум светот се спроведуваат голем број на активности за да се покрене јавната свест за ова заболување за да се обезбеди подобра терапија, навремена и точна дијагноза, а со цел пациентите со МС да имаат подобар квалитет на живот.

Ве повикуваме заедно да влијаеме врз оние кои носат одлуки за да направиме позитивни промени кај лицата со мултипла склероза.

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести