ЦВЕЌЕ НА ХУМАНОСТА ЗА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ

Унијата на здруженија предводени од Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас“ изразува огромна благодарност на македонскиот уметник и хуманист Живко Поповски-Цветин, Црвениот крст на Град Скопје и Лајонс дистрикт 132 кои по повод Светскиот ден на сестринството организираа изложба „Цвеќе на хуманоста за медицинските сестри“.
 

Уметникот Цветин на својот балкон на улица Рузвелтова бр. 4 (Капиштец) ги изложи своите уметнички креации посветени на Здружението ЗА НАС.

„Воодушевени сме од прекрасната слика во димензија од 101 метар со 200 цвеќиња во чест на Флоренс Најтингел, прва медицинска сестра, родена пред 200 години, која симболично се спушти до дворот пред зградата каде што живее Цветин.“
(ЗМСТАС - ЗА НАС)

На настанот гостуваа претставници на Здружението на медицински сестри, Црвениот крст на Град Скопје и Дистрикт 132, согласно медицинските прописи за заштита. Воедно настапија и музички имиња од групата „Трио“ и неколку поети.

 

Галерија

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести