МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТРУДОТ: ДА СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИТЕ ПРАВА!

РАБОТНИЦИ ДА СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИТЕ ПРАВА


Меѓународниот ден на трудот е меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Меѓународниот ден на трудот се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.

Во знак на почит кон жртвите од чикашкиот штрајк, Втората интернационала на својот оснивачки конгрес во 1889 донесе декларација со која се повикуваат работниците од целиот свет на демонстрации на 1 мај со цел подобрување на својата положба. Оттогаш, традиционално, на 1 мај секоја година во повеќе земји ширум светот се одржуваат демонстрации во знакот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

Меѓународниот ден на трудот е државен празник во повеќе земји во светот, пред се во комунистичките и бившите комунистички земји.
 
И во Република Македонија, Меѓународниот ден на трудот има статус на празник.

Унијата на ЗМСТАС предводена од здружението „За нас“ ви го честита 1ви мај, денот на трудот.

Пребарување

Категории

Актуелно

ПРОСИНДИКАЛНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА НАШЕТО ЗДРУЖЕНИЕ КОНЕЧНО ВРОДУВА СО ПЛОД: ПОТПИШАН ДОГОВОРОТ ЗА ПОКАЧУВАЊЕ НА КОЕФИЦИЕНТИТЕ
19.11.2024
Почитувани, Унијата на ЗМСТАС предводена од ЗМСТАС „ЗА НАС“ ја поздравува одлуката за потпишувањето на општиот колективен договор со покачување на процентите на коефициентите.
Види детали

Тагови

Архива на вести